Гостивар
МЗ на Долно Јеловце реагира дека се градат дивоградби во атар на селото

До редакцијата на Gostivarpress.mk преку соопштение, се обрати месната заедница на село Долно Јеловце во кое реагираат за узурпација на земјиште и бесправно започнати градби на објекти во атар на селото.
Јеловчани сакаат да ја запознаат јавноста со случајот и потенцираат дека ќе настојуваат да го заштитат зелениот појас во атарот на селото.
„Веќе за еден објект доставивме пријава до МВР ПС Гостивар и до Општина Гостивар (целосната документаицја ви ја испраќаме во прилог) за бесправно поставени, бетонирани темели за објект во атарот на селото покрај регионалниот пат кој води до него, институците излегоа на терен и констатираа дивограба. По составениот записник од извршен увид на лице место поднесена е соодветна пријава до јавното обвинителство ОЈО Гостивар. Сакаме да ја информираме јавноста дека месната заедница на с.Долно Јеловце заедно со националниот парк “Шар Планина” има обврска да ги заштитува природните богатства кои ни се оставени во аманет од нашите предци интересите на селото и сопствениците на имот, шуми и пасишта. И во иднина за секоја незаконска постапка, ќе ги информираме надлежните институции, се со цел да се заштити природата во околината на Гостивар и нашето село“, се вели во соопштението.
-
Македонијапред 3 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Бизниспред 1 ден
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 3 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 3 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 3 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер