Македонија
МЗ: Нема присилна вакцинација, истите мерки се имплементираат во регионот и светот
Министерството за здравство реагира на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.
– Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно, доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат, не се присилени да го направат тоа. Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и регионот, како на пример во Словенија, Хрватска и Грција, каде одамна се во сила. Во услови кога се заканува нов силен ковид-бран, должност на Министерството и Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население, истакнуваат од Министерството за здравство.
Од Министерството велат дека протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции.
– Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата која за жал, сè уште коси во светот. Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред сè од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување, подвлекуваат од Министерството за здравство.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски
Вести
MSH: Nuk ka vaksinim të detyruar, të njëjtat masa implementohen në rajon dhe në botë
Ministria e Shëndetësisë ka reaguar ndaj deklaratës së Konfederatës së Sindikatave, e cila pretendon se masat e propozuara nga Komisioni për sëmundje ngjitëse janë “vaksinim i detyruar”.
– Punonjësit që përfshihen nga masat e reja kanë mundësinë të bëjnë një test negativ një herë në javë nëse zgjedhin të mos vaksinohen dhe të gjithë ata që kanë probleme shëndetësore që i pengojnë të vaksinohen nuk detyrohen ta bëjnë këtë. Të njëjtat masa që ne propozojmë tashmë janë futur në shumë vende të Europës dhe të rajonit, si në Slloveni, Kroaci dhe Greqi, ku ato janë në fuqi prej kohësh. Në kushtet kur një valë e re e fortë kovid po kërcënon, është detyrë e Ministrisë dhe Komisionit të propozojnë masat e duhura që me siguri do të japin rezultate si për uljen e përhapjes së virusit ashtu edhe për rritjen e përqindjes së popullatës së imunizuar, theksojnë nga Ministria e shëndetit.
Nga Ministria thonë se protesta ose forma të tjera të shprehjes së pakënaqësisë kundër masave janë e drejtë demokratike, por gjithashtu në kundërshtim me rekomandimet shëndetësore që vijnë institucionet shëndetësore botërore.
– Apelojmë për përgjegjësi të gjithë qytetarëve dhe faktorëve në shoqëri me qëllim së bashku ti tejkalojmë të gjitha sfiday me pandeminë e cila për fat të keq, ende përbën rrezik nëpër botë. Kërkojmë mbështetje për masat të cilat janë në interes të shëndetit publik dhe mbrojtje të sistemit shëndetësor që duron shtypje të madhe para se gjithash nga persona që nuk janë të vaksinuar, ndërsa kanë nevojë për mjekim shëndetësor, nënvizojnë nga Ministria e shëndetësisë.
-
Гостиварпред 3 месеци
Стани успешен техничар за е-трговија, дигитален маркетинг и угостителство, сметководител, банкар, правник – запиши се во СЕОУ Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 1 месец
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Гостиварпред 2 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Рецептипред 2 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
MINT fintech group и во Гостивар: Менувачница, Осигурување, Инвестициски решенија, Дигитални плаќања, Кредити..
-
Гостиварпред 3 месеци
Долга традиција на незаменлив вкус, „Ла Шишко“ со нов локал во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | ИНТЕРВЈУ со д-р Стојо Бошкоски