Македонија
МЗ: Притисокот врз болниците е голем, граѓаните да ги почитуваат мерките

Министерството за здравство соопшти дека притисок врз болниците во државата е голем и тие брзо се исполнуваат со КОВИД пациенти, но и покрај тоа обезбедени се слободни места на повеќе Клиники, Институтот за белодробни заболувања Козле како и на интерните клиники.
„Сите болници и медицински кадар се целосно мобилизирани. И во болниците низ државата, секојдневно системот се менаџира, помеѓу постојаните инфективни одделенија во здравствените установи и модуларните болници. Оваа здравствена криза погодена од третиот може најсилен бран досега е присутна насекаде – кај нас, во регионот, во цела Европа. Состојбата е критична, но граѓаните не треба да се грижат, оние кои имаат потреба во секое време добиваат соодветна здравствена грижа и третман во болниците. Министерството за здравство упатува апел до сите граѓани да ги почитуваат мерките за заштита од вирусот КОВИД-19.“, соопштија од МЗ.
Министерството за здравство ги повика граѓаните секој индивидуално да даде свој придонес во борбата со корона вирусот и да им помогне на здравствените работници, во оваа исцрпувачка битка која трае повеќе од една година.
-
Гостиварпред 4 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Рецептипред 3 месеци
Крем супа од тиква и морков – топло, вкусно и хранливо