Гостивар
МЗ: Во Гостивар 26 пациенти со ковид се лекуваат болнички

Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 589 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Во продолжение известувањето во целост:
„Во болницата во Битола се хоспитализирани 54 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 38 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 24 пациенти, во Велес се лекува 41 болен, а во Куманово 95 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарот во Охрид има хоспитализирано 63 пациенти, во Прилеп 81, во ковид центарот во Гостивар 26, а во Струга 18 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 37 пациенти, во Кочани 7 во Кичево 9, Кавадарци 73, во Гевгелија 10 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. Имајте предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти. Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 995 и има околу 400 празни болнички кревети во ковид центрите.Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.“
-
Гостиварпред 2 месеци
Храбра во борбата со рак, Рената од Гостивар споделува за голготата, болката, сомнежите, надежта…
-
Гостиварпред 3 месеци
Притвор за 30 годишник од Гостивар, снимал сексуални односи со девојче и видеата ги чувал во телефон за да ги споделува
-
Гостиварпред 3 месеци
Несреќа во Гостивар: Со „бмв“ удрил во пешак, па во ограда и куќа
-
Гостиварпред 2 месеци
(Видео) Мечка ноќеска се симна во Жировница-Отстрел ќе нема, одобрени превентивни мерки
-
видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин Велко Бобароски | Дијабетес
-
Гостиварпред 3 месеци
Убиени се мечка и две мали мечиња во Жировница
-
Гостиварпред 3 месеци
Нарушен јавен ред и мир во болницата во Гостивар, приведен е маж
-
Гостиварпред 3 месеци
Утрово уапсен гостиварец за обљуба врз девојче