Гостивар
МЖСПП: Постигнат договор за издавање на градежната дозвола за санација на Русино

Објавено
пред 5 месецина

Министерството за животна средина соопшти дека на состанокот за Русино, кој се одржа утрово со министерот Насер Нуредини, претставници на граѓанската иницијатива „Стоп Русино“ и градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари,од сите засегнати страни била изразена подготвеност за заедничко решавање на проблемот и согласност за следните точки:
1. Градоначалникот Таравари веднаш да ја потпише градежната дозвола за започнување на имплементацијата на брзите мерки за санација и подобрување на инфраструктурата во Русино
2. Регионалниот план за управување со отпад во Полошкиот Регион, дополнет со план за изнаоѓање на нова локација во рок од пет години, да биде одобрен од сите општини во Регионот.

Во продолжение ви го пренесуваме соопштението на МЖСПП во целост:
„На средбата присуствуваа и претставници од Швајцарскиот секретаријат за економски прашања и од проектот за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот Регион и од сите политички партии во земјата.
Оценувајќи дека постои недоволна и несоодветна информираност на населението за активностите за надминување на состојбите со Русино, министерот Нуредини нагласи дека целта и на населението и на општините и на МЖСПП е иста- контролирано управување со отпадот со што ќе се заштити здравјето на луѓето и животната средина. Владата и МЖСПП се целосно подготвени за воспоставување на Интегриран регионален систем за управување со отпад во Полошкиот регион и тоа како резултат на сериозна и напорна работа на многу експерти, стручни лица институции на локално и национално ниво со вложени големи финансиски средства. Во самиот процес, како што информираше Нуредни, сме многу длабоко навлезени. Имено, првата фаза е речиси целосно имплементрана и нејзино завршување е предуслов за почеток на втората фаза, ставање во функција на целиот регионален систем.
Првата фаза опфаќа подготовка на целокупната документација и преземање на интервентни мерки за која се обезбедени средства од Швајцарскиот државен секретаријат за економски прашања.Не се реализирани само брзите мерки, со кои всушност и ќе се надмине моменталната состаојба со дивата депонија во Русино.
Брзите мерки значат набавака на контејнери за сите општини од Полошкиот регион и санација на локацијата во Русино т.е. помош на општина Гостивар за справување со проблемот со кој се соочува на локацијата во Русино (ова опфаќа изградба на систем за третман на исцедокот односно изведба на канал, резервоар и пумпа што ќе го враќа исцедокот во депонија, куќарка за вработените, вага за мерење на возила и пат кој води кон нестандардната депонијата со поставување на ограда по должината на патот за да се спречи нелегално фрлање на отпад покрај патот). Но за жал, овој дел делот од проектот со кој ќе санира состојбата со нестандардната депонија „Русино“ не може сеуште да се реализiра заради не издавање на согласност за инфраструктурен проект од страна на општина Гостивар, како би можело да се интервенира на локацијата и да се стави под контрола. Во вакви услови постои опасност да се изгубат обезбедените средства наменети за помош при управувањето со нестандардната депонија „Русино“ и со тоа не само што не го решаваме проблемот туку отвара нови проблеми за сите општини во регионот.
При тоа е нагласена суштинскатa важност на усвојување на Регионален план за управување со отпад во Полошкиот Регион кој веќе е одобрен од Министерството за животна средина и просторно планирање и кој се очекува да биде усвоен од советите на секоја од општините во регионот, вклучувајќи ја и Општина Гостивар, што е предуслов за обезбедување на финансиски средства потребни за реализација на инвестициите планирани во втората фаза од проектот.
Втората фаза опфаќа изградба на стандардна депонија со постројка за третман на отпадот, изградба на претоварни станици, набавка на камиони за собирање и транспорт на отпадот, набавка на контејнери за селекција на отпадот и комплетно затварање на постоечките 74 диви депонии и сметишта во регионот.„
Поврзани теми:русино
Остави коментар
ОГЛАСИ ЗА РАБОТА:
- M-E Системс Дооел
- M-E Системс Дооел
- Vrskazarabota.mk
- MIA S FAVORITE HOTEL MAVROVO
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

Занимливостипред 11 час
Кучињата навистина можат да намирисаат болни од Ковид-19

Македонијапред 12 часа
Потврдени нови 333 случаи на ковид во земјава, 10 пациенти починале

Гостиварпред 18 часа
Затворен локал во Гостивар ноќеска, сопственикот приведен

Гостиварпред 19 часа
„Жените возат одговорно“, подароци за гостиварки зад волан во пресрет на 8 Март

Гостиварпред 20 часа
Проект за пешачки мостови на Вардар во Гостивар пред општинскиот Совет

Македонијапред 22 часа
Седми Март – Ден на албанскиот учител

Деца Родителипред 1 ден
Бизарни предизвици на социјалните мрежи крајно опасни за децата

Спортпред 2 дена
КК Гостивар победи во Струга 72-83

Гостиварпред 5 дена
Земјотрес почувствуван во Гостивар

Занимливостипред 3 недели
Погледнете ги најинтересните и најчудни автомобили на светот

Гостиварпред 3 недели
Од полноќ горивата поскапи за половина до 1,5 денар

Македонијапред 1 недела
Годишнина од смртта на претседателот Трајковски – Каква порака испрати при последната посета на Гостивар?

Спортпред 3 недели
Гостиварците Анастасоски и Лазарески ќе се натпреваруваат на Светското првенство во скијање во Италија

Гостиарскипред 3 недели
Првата клапа на „Гостиварскиот Роки“ е снимена :))

Гостиварпред 4 недели
Гостиварецот Шурбан успешно ја пренесува љубовта кон планините на новите генерации

Гостиварпред 4 недели
Охридски хотелиер со убав подарок за малите планинари од Гостивар и водичот Шурбан

Гостиварпред 3 недели
На поларно време и снег Гостивар маршираше во чест на жртвите во автобуската несреќа

Гостиварпред 2 месеци
Како се прославуваше Водици во Гостивар од 2016 до 2020 година (галерија)

Спортпред 5 месеци
На Градскиот стадион во Гостивар: ФК Гостивар – ФК Вардар Форино 1:0 (фото)

Спортпред 6 месеци
На Градскиот стадион во Гостивар: Вардар Форино – Вардар Скопје (8:9)

Гостиварпред 6 месеци
ПРОТЕСТ – Русино е смрт! Белите дробови ни се црни! Сакаме цвеќе, не сакаме депонија!

Спортпред 7 месеци
Кошаркарскиот клуб Гостивар започна со подготовките за сезоната 2020/2021

Гостиарскипред 8 месеци
ГОСТИВАР МОРА ДА ДИШЕ! Протест бр.2 (фотогалерија)

ФОТО ВЕСТпред 11 месец
Априлијада на Gostivarpress.mk (втор дел)
Популарно изминативе 100 дена
- Што, како, каде?!пред 1 месец
Големо намалување од -20% до -50% на производите на FLAIR во Гостивар
- Здравје и убавинапред 3 месеци
Цинкот е неопходен за силен имунитет – еве во која храна најмногу го има
- Гостиварпред 3 месеци
Од полноќ, поскапуваат горивата
- Македонијапред 3 месеци
Проверете дали сте на листата на граѓани кои ќе добијат по 6000 денари од четвртиот сет мерки
- Гостиварпред 5 дена
Земјотрес почувствуван во Гостивар
- Гостиварпред 3 месеци
Обновени се податоците: Проверете дали сте добитник на финансиска помош од 6.000 денари
- Гостиварпред 2 месеци
Поставена спомен плоча во чест на полицаецот Ѓурчиновски кој загина во несреќа на патот Гостивар-Тетово
- Гостиварпред 3 месеци
Запознајте го Давид од Гостивар, најмалиот железничар на светот