Македонија
МЗЗПР: Загинатите и повредените во автобуската несреќа, треба да бидат пријавени како несреќи на работно место

Македонското здружение за заштита при работа (МЗЗПР), денеска излезе со соопштение во однос на сообраќајната несреќа кај Ласкарци.
Од здружението потенцираат дека со оглед на тоа што повеќето патници на кобниот ден се враќале од работното место кон својот дом, според Законот за безбедност и здравје на работа (92/07) сите кои биле во работен однос, а патувале кон својот дом и се повредиле или загинале во сообраќајната несреќа, потребно е од страна на работодавачите да бидат пријавени во Државниот инспекторат за труд (http://dit.gov.mk/) како несреќи на работното место.
Со пријавата од страна на работодавачите, на повредените вработени ќе им следуваат следните законски можности:
1. Да имаат можност во полн износ (100%) од платата да им биде исплатена за време на периодот на заздравување (имајте в предвид дека при боледување, а кое не е поврзано со несреќа на работното место, можно е исплатената плата да биде помала и до 70%);
2. Отсуството од работното место да биде заведено како “повреда на работа”, а со тоа, во понатамошниот работен век, доколку се појават одредени компликации, истите да може да се утврдат од каде потекнуваат и да се придонесе за превенција;
3. По враќањето на работното место, вработените е неопходно веднаш да бидат упатени на насочени медицински прегледи, а со тоа да биде утврдена нивната преостаната работна способност. Ова е исклучително важно за секој од нив индивидуално доколку се јават одредени ограничувања во можностите за нивно целосно исполнување на работните задачи, а со првенствена цел да се заштити здравјето и интегритетот на работникот!
„Со надеж за побрзо и целосно заздравување на повредените и нивно враќање на работните места, но и со сочувство до семејствата на загинатите, за понатамошни консултации, Ви стоиме на располагање на: 02 2774 868 или [email protected]“, велат од Македонското здружение за заштита при работа.
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Што, како, каде?!пред 3 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
Гостиварпред 3 месеци
Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?