Поврзи се со нас

Македонија

На 20 мај истекува рокот за аплицирање за поддршка за набавка на трактор

Објавено

на

    На 20 мај истекува рокот на јавниот повик за користење средства за набавка на трактор, потсетува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) и ги повикува сите заинтересирани кои не аплицирале, тоа да го сторат во следните денови.

    Максималната вредност која секој корисник може да ја добие е до 3.500.000 денари. Парите се доделуваат за период на реализација на деловниот план и се исплаќаат на годишно ниво.

    -Целта е што повеќе земјоделци да ги искористат овие средства, особено сега, кога се наоѓаме во светска економска криза. Право на користење на средства имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделските стопанства во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство согласно Законот за земјоделство и рурален развој. Барателите кои биле корисници на финансиска поддршка за набавка трактори преку ИПАРД Програмата и Националните програми за финансиска поддршка на руралниот развој за претходните пет години, не се прифатливи како корисници на оваа мерка, информира МЗШВ.

    Јавниот повик се однесува само за инвестиции во набавка на трактори, додека набавка на приклучна земјоделска механизација не е прифатлив трошок во овој јавен повик, а критериумите кои треба да ги исполнуваат барателите се: минимум производствен капацитет од два хектара за производство на различни земјоделски култури или на една земјоделска култура, минимум 0,5 хектари за производствен капацитет на зеленчук на отворено и  минимум 0,5 хектари за производствен капацитет тутун.

    Парите наменети за инвестиции за набавка на трактор се дел од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2022 година.

    Упатството за регистрација на барателите во системот за електронско поднесување на барање може да се превземе на почетната страница e-baranje.ipardpa.gov.mk. Упатството за корисници за поединечна мерка може да се преземе по започнување на креирање барање за мерката.

    На последниот повик во декември 2020 година беа доделени 540 трактори. Врз основа на ова, оние кои што веќе искористиле средства од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство немаат право повторно да аплициаат.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 4 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена