Гостивар
На Центарот за аутизам во Гостивар му треба дополнителен стручен кадар и проширување

Голем е интересот за посетување на Центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар, кој веќе три години нуди стручна помош, грижа и поддршка на деца со аутистичен спектар на нарушувања. Центарот важи за регионален за полошко подрачје, а во него децата добиваат индивидуални терапии од стручни лица кои се од голема помош за нивниот развој.
По повод Светскиот ден за подигнување на свеста за аутизмот, 2 Април градоначалникот на Гостивар, Ваљбон Лимани беше во посета на установата.
„Симболично на овој ден на Центарот ќе му подаруваме дидактички средства во вредност од околу 60.000 денари. На лицата со аутизам треба да мислиме секој ден. Мотото оваа година е лицата со аутизам да ги почитуваме и интегрираме во нашето општество, да ги гледаме како придобивка и да ги третираме како што заслужуваат. На средбата со координаторот на Центарот разговаравме за можностите да ги зголемиме капацитетите на овој Центар, затоа што расте бројот на деца со аутизам. Се надевам дека во блиска иднина ќе успееме тоа да го направиме“, изјави Лимани.
Со оглед на интересот на родителите за користење на услугите на Центарот и специфичноста, сензитивноста на работата со тие дечиња, најголем предизвик е обезбедувањето соодветен стручен кадар, оцени координаторот Валон Емини.
„Најголемото искушение е изнаоѓање и креирање на човечки ресурси. Може многу бргу да создаваме инфраструктурни услови, да имаме нов објект, простор, но за човечки ресурси треба многу труд, професионалност, да се најдат вистинските лица кои ќе бидат одговорни и доволно емпатични да даваат од својот живот секој ден, да придонесуваат за стекнување функционалност на децата. Само да прилагодиме простории плус тоа може да се постигне, но без дополнителен стручен соодветен кадар не е доволно“, рече Емини.
Центарот за аутизам „Блу пазл“ во Гостивар актуелно го посетуваат шеесетина деца.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог