Поврзи се со нас

Музика

На денешен датум е роден легендарниот Фреди Меркјури

Објавено

на

Фреди Меркјури е роден на 5 септември 1946 година во Занзибар, како Фарук Булсара во семејството на  Џер и Боми Булсара, кои биле економисти.  Како мало дете на училиште постигнувал одлични резултати, бил добар спортист, а кога наставниците го увиделе неговиот талент за музика, почнал да посетува часови по клавир. Во средно училиште станал член на еден локален бенд, каде и почнале да ги викаат Фреди, име кое го прифатиле и неговите најблиски.

Со семејството се преселил во Лондон во 1964, бегајќи од револуцијата во Занзибар. Таму почнува да настапува со еден блуз бенд, а наскоро им се придружил на Брајан Меј и Роџер Тејлор, кои свиреле во бендот Смајл. Кога во групата дошол и Џон Дикон, основана е легендарната Квин во 1970-та година.

Првиот албум го објавиле во 1973, а две години подоцна е снимен хитот „Боемска рапсодија“, кој останал на врвот на британската топ-листа цели девет недели. Квин стекнуваат планетарна слава, а освен во групата Фреди остварил и соло кариера и соработки со познати музички имиња.

Почина во 1991, по компликации од СИДА, од која боледуваше.

Научно е прогласен за најдобар пејач на сите времиња.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена