Поврзи се со нас

Занимливости

На денешен ден 25 декември

Објавено

на

– Христијаните кои се придржуваат на Грегоријанскиот календар денеска го слават Божик, роденденот на синот Божји – Исус Христос, еден од најрадосните христијански празници. Повеќето православни христијани Божик го слават на 7 јануари (25 декември според Јулијанскиот календар).

800.- Папата Лав Трети во Рим го крунисал францускиот владетел Карло Велики за свет римски цар, а тоа беше титула на германските монарси до времето на Наполеон Први.

1066.- Во Вестминстерската катедрала во Лондон за англиски крал бил крунисан норманскиот војвода Вилијам Први Освојувачот.

1642.- Во Вулстроп е роден Исак Њутн, англиски физичар, астроном и математичар. Тој ги поставил темелите на класичната физика и на вишата математика, го открил природниот закон на општата гравитација, меѓусебното привлекување на сите сили, ги пронашол и основните принципи на механиката и трите основни закони за движењето, а го усовршил и телескопот. Умрел во Кенсинтон, на 20 март 1727 година и е погребан во Вестминстерската опатија, со што станал првиот научник удостоен со таква чест.

1688.- Во Франција пребегал Џејмс Втори, последниот англиски крал од династијата Стјуард, тргнат од престолот поради апсолутистичката политика и натурање на римокатоличката вера.

1721.- Роден е англискиот писател Вилјам Колинс, еден од најзначајните англиски лирски поети во 18. век. Дела „Вечер“, „Слобода“.

1741.- Шведскиот физичар Андрес Целзијус ја создал скалата од 100 степени за мерење на температурата.

1876.- Роден е пакистанскиот државник Мохамед Али Џин, основач и прв претседател на Пакистан кој заедно со Махатма Ганди и Џавахарл Нехру се борел за независност на Индија од Велика Британија. Подоцна тој со нив влегол во конфликт бидејќи побарал посебна муслиманска држава. Британија во 1947 година ги признала независноста на Индија и на муслиманската држава наречена Пакистан.

1899.- Роден е американскиот филмски актер Хемфри Богарт, добитник на Оскар во 1951 годна за филмот „Африканска кралица“. Филмови: „Казабланка“, „Малтешки сокол“, „Длабок сон“, „Богатството на Сијера Мадре“, „`Ртот Ларго“, „Да имаш и да немаш“, „Босоногата контеса“, „Тежок пад“.

1903.- Во Софија излегла од печат книгата “За македонцките работи” од македонскиот публицист и лингвист Крсте Петков Мисирков. Во неа Мисирков ја истакнува и ја заштитува националната индивидуалност на македонскиот народ и неговото право на самостоен културен и национален развој. На едно место во книгата пишува: „Македонците, како посебен словенски народ, што низ вековите ја делел судбината заедно со соседните словенски и несловенски народи, си имаат сопствена национална историја и култура“.

1911.- Во Чикаго е роден Борне Хогарт, илустратор на „Тарзан“. Умрел во Париз, на 28 јануари 1996 година.

1914.- Во Првата светска војна на Западниот фронт стапи на сила легендарното неофицијално „божикно примирје“, кога група британски и германски војници го откажаа пукањето, излегувајќи од рововите и сретнувајќи се на ничија територија помеѓу завојуваните страни.

1918.- Роден е египетскиот државник Анвар ел Садат, претседател на Египет од октомври 1976 до октомври 1981 година кога на воена парада во Каиро бил убиен од страна на исламски терористи, огорчени поради склучувањето мир со Израел.

1920.- Во Скопје е роден Јован Бошковски, македонски писател, книжевен и филмски критичар, преведувач и сценарист. Неговата збирка „Растрел“ (1947) е прва македонска книга раскази. Други негови познати дела се: „Бегалци“, „Блокада“, „Луѓе и птици“, „Солунските атентатори“, и други. Автор е на сценаријата за филмовите „Солунските атентатори“ и „Под исто небо“, а се појавува и како соработник на сценаријата за филмовите „Мементо“, и „Републиката во пламен“. Умрел кај селото Ерџелија, Светиниколско, на 10 ноември 1968 година.

1926.- Роден е Никола Солдатов, македонски новинар и тв-коментатор. Умрел во Сремска Каменица, на 3 ноември 1989 година.

1938.- Умрел чешкиот писател Карел Чапек. Дела: „Бела болест“, „Мачни приказни“, „Разбојник“, „Метеор“, „Обичен живот“, „Патеписи од Италија“, „Патеписи од Англија“ и други.

1943.- Во Кавадарци е роден Зафир Хаџиманов – актер, поет, музички композитор и пејач. Поетски книги: „Шансони на хартија“, „Азил“, „Народен пејач“, „Пес-Пејачка“ и „Брат“, објавени на македонски и на српски јазик. Играл главна улога во култниот македонски филм „Македонска крвава свадба“. Од бројните песни што ги испеал, најпознати се: „Како Вардар“, „Љуби ме и главата горе“, „Од љубов не се бега“ итн. Во 2007 година, Зафир Хаџиманов бил промовиран во почесен амбасадор на културата на Република Македонија во Република Србија.

1973.- Умрел Исмет Инени, истакнат турски политичар, министер за надворешни работи, премиер и претседател на Република Турција. Бил долгогодишен соработник на Кемал Ататурк, „таткото“ на современа Турција. Во 1939 година ја основал Републиканската народна партија која ја предводел цели 33 години. Роден бил на 24 септември 1884 година.

1979.- Советски трупи влегле во Авганистан, во прва воена интервенција на Советскиот Сојуз надвор од Варшавскиот пакт, а официјална Москва ова го објасни како интервенција со цел да се спречи граѓанската војна во земјата.

1983.- Умрел каталонскиот сликар и вајар Хуан Миро, еден од најголемите надреалистички уметници. Студирал во родната Барселона, а од 1919 година живеел во Париз.

1989.- Сменетиот романски диктатор Николае Чаушеску и неговата жена Елена Чаушеску биле стрелани во Трговиште по тајното и брзо судење.

1991.- Советскиот претседател Михаил Горбачов поднесол оставка. Од основањето на Советскиот Сојуз во 1922 година Горбачов бил седмиот (и последен) лидер на државата. Негови претходници биле Ленин, Сталин, Хрушчов, Брежњев, Андропов и Черњенко.

1995.- На парламентарните избори во Турција, победиле исламистите од РЕФАХ (конзервативно-исламистичката партија за просперитет), на чело со лидерот на партијата Неџмедин Ербакан.

1995.- Во Беверли Хилс умрел американскиот филмски актер, пејач и забавувач Дин Мартин, кој почетната слава ја стекнал во тандем со комичарот Џери Луис со кого снимил 18 филмови. Играл во многу вестерни и криминалистички филмови. Филмови: „Артисти и модели“, „Холивуд или пропаст“, „Рио Браво“. Роден бил во 1919 година.

1997.- На Куба за првпат по три децении јавно и свечено бил прославен Божик. Претседателот Фидел Кастро го прогласил тој ден за празник во чест на папата Јован Павле Втори кој наредниот месец ја посетил Куба.

2006.- Умрел Џејмс Браун, еден од најуспешните американски пејачи на блуз. Во текот на својата 40-годишна кариера имал 98 хитови на листата на „Билборд топ 40“, што претставува се уште редок рекорд. Браун заедно со Присли и Дилан е најзначајната појава во музичката индустрија на САД во текот на последните 50 години.

2016.- На 53 години почина популарниот вокалист Џорџ Мајкл. Ѕвездата, која беше лансирана во шоу-бизнисот во раните 80-сети, како една половина од дуото Wham!, а продолжи како соло изведувач, замина од овој свет мирно и спокојно во својот дом во Goring – Oxfordshire. Полицијата се изјасни дека немало сомнителни околности. Michael, роден како Georgios Kyriacos Panayiotou во Северен Лондон, во семејство на кипарски Грк и Англичанка, со синт-поп дуото Wham! од 1982 до 1986-та објави три студиски, а како соло изведувач реализираше пет студиски албуми, продадени во тираж од 100 милиони примероци. На почетокот на месецов, се обзнани дека со продуцентот и композитор Naughty Boy, Michael работи на својот нов албум. Во 2011 година Michael откажа серија на концерти, откако беше хоспитализиран заради пневмонија. По третманот во Виена, тој театрално се врати во Лондон и изјави дека бил на чекор од смртта. На 14 март 2014 го објави својот финален и единствен live-албум, Symphonica. Скоро цели три децении е актуелен со “Last Christmas“ од неговиот Wham период.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена