Гостивар
На депонијата Русино ќе се поставуваат соларни панели за струја
На регионалната полошка депонија Русино, кај Гостивар наскоро ќе се постават соларни панели за производство на електрична енергија. Јавното претпријатие Русино-Полог во чија надлежност е менаџирањето со депонијата, средствата за оваа намена ги обезбеди преку донација, а со цел да ги намали трошоците.
„Од швајцарскиот Секретаријат за економски прашања добивме донација за поставување на соларни панели за производство на електрична енергија. За сега струја имаме од агрегати, а тоа е доста скап метод за произвдство на електрична енергија, бидејќи цената на горивата постигнува рекордни цени. Со панелите ќе имаме сопствена електрична енергија и ќе ги намалиме трошоците. Истата донација опфаќа и поставување канализација, тоалети и обезбедување цистерни за вода кои ќе овозможат да има и техничка вода и вода за пиење за потребите на депонијата и за вработените.“, информира директорот на претпријатието, Бесим Догани.
Како што претходно објавивме, Русино неколку месеци функционира како регионална депонија за Полог и таму дневно се фрлаат околу 200 тони ѓубре од деветте полошки општини.
Претпријатието веќе се наоѓа во финансиски ризик, поради тоа што општините и комуналните претпријатија кои одлагаат отпад, не си ги плаќаат обврските редовно и имаат долгови.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
БРАВО! Руфија Идризовска од Гостивар со просек 10,00 најдобар студент на ПМФ и Институтот за хемија
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник