Вести
На Димитар од Гостивар му е неопходна нашата помош-Да донираме!

Дваесетгодишниот Димитар Дојчинов од Гостивар се соочува со сериозен здравствен проблем и потребна му е помош и поддршка во борбата за подобро здравје. Димитар боледува од ретка болест, прогресивна мускулна дистрофија – Бекер (BMD) која предизвикува изумирање на мускулните влакна, мускулна слабост и атрофија, се до комплетна парализа. Лекувањето на оваа тешка болест може да се изведе во медицински центар за матични клетки во Пекинг, Кина. Но, двонеделниот третман за операција, имплантација на матични клетки, физиотерапија, медицински услуги, сместување без останати трошоци (превоз, храна итн.) чини 18.000 долари, сума којашто Димитар и неговото семејство не можат да ја подмират сами.
Со надеж дека гостиварци ќе го отворат своето срце и им излезат во пресрет да му помогнат на еден млад сограѓанин, семејството и пријателите испраќаат апел за донирање средства. Пари може да се донираат со повик на телефонските броеви: 143-106 за Т-мобиле и 143-483 за ВИП корисници. Средства може да се уплатат и на жиро сметка: 240347107547554 Уни банка.
-
Македонијапред 2 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 2 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!