Поврзи се со нас

Спорт

На две кола пред крајот, КК Гостивар сè уште без обезбеден опстанок – денес против Тиквеш

Објавено

на

    Кошаркарскиот клуб Гостивар се наоѓа во сериозна борба за опстанок во Првата македонска кошаркарска лига во сезоната 2024/2025. На само две кола пред завршувањето на плејаутот, гостиварци сè уште „висат“ без обезбеден опстанок и денешниот натпревар може да биде решавачки.

    По поразот од Шкупи со 82-78, во минатото коло за тимот на Гостивар денешниот натпревар против Тиквеш претставува императив за победа. Гостите од Кавадарци веќе го обезбедија својот прволигашки статус и ќе настапат без притисок, додека гостиварци мораат да слават за да ги задржат шансите за опстанок. Во првиот меѓусебен дуел од плејаутот, Тиквеш беше поуспешен и славеше со убедливи 96-74, но тимот на Гостивар денеска ќе има дополнителен мотив пред домашната публика.

    Натпреварот се игра во салата „Младост“ во Гостивар со почеток во 18:00 часот. Поддршката на кошаркарите им е поважна од кога било.

    Во последното коло, КК Гостивар му гостува на КК Вардар, a денес од 17 часот, директните конкуренти Шкупи и Вардар играат меѓусебен натпревар, чиj резултат исто така ќе влијаe врз конечниот распоред на табелата.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена