Гостивар
На гинекологија во Гостивар ќе нема доволно лекари, половина од гинеколозите заминуваат во пензија
За една година во Гостивар ќе нема доволно гинеколози кои ќе вршат породување на жените и оперативни гинеколошки зафати. Четири лекари од вкупно осум во гинеколошко-акушерското одделение на гостиварската болница ќе се пензионираат до крајот на 2020-та. Ова ќе создаде големи организациски проблеми, нагласува раководителот на одделението д-р Агим Јакупи. Тој изразува загриженост дека недостигот на гинеколози ќе се одрази негативно на целокупното функционирање на службата од што последици ќе трпат пациентките.
„Јас за жал сега треба да зборувам само за загрижувачки работи. Мене лично, како раководител на одделението ме загрижува што после 2020 година, ќе останаме без 4 гинеколози кои заминуваат во пензија. Тоа е половина од нашиот капацитет, со оглед на тоа што сме вкупно 8 гинеколози. Не може да се развива дејноста и да се пружат сите услуги со толку малку лекари. Ќе излезе дека секој од нас треба да дежура секоја втора вечер. Кој ќе развива оперативна работа, кој ќе ги породува пациентките? Организациски ова ќе биде за нас еден голем проблем.“, вели Јакупи.
Раководителот оценува дека државата не ги стимулира доволно младите лекари, откако ќе специјализираат да сакаат да се вработат во јавното здравство:
„Мислам дека не е проблем во интересот на младите лекари да специјализираат гинекологија, туку во мотивацијата откако ќе завршат да се вратат во јавното здравство. Младите после специјализација си го гледаат интересот за подобар живот и услови. Од ветеното, дека платите за специјалистите ќе станат 100 илјади денари, до сега не е реализирано ни 10%. Како мислат понатаму да ги стимулираат лекарите да останат, мене навистина не ми е јасно.“
На гинеколошко-акушерското одделение годишно се вршат од 650 до 700 породувања.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди