Поврзи се со нас

Гостивар

На гостиварско подрачје +13 новозаразени со корона и 2 починати позитивни на вирусот

Објавено

на

Гостиварскиот регион и во денешната статистика за коронавирус е опфатен со новозаболени лица. Вирусот продолжува да се шири, а бројката на заболени секојдневно бележи пораст. Според податоците од Министертсвото за здравство на гостиварското подрачје изминатите 24 часа регистрирани се вкупно 13 нови случаи. Според податоците од гостиварските медицински служби, 8 се од Општина Гостивар, додека 3 од Општина Врапчиште. Информација за жителството на останатите 2 пациенти ќе биде позната дополнително.

Министерство за здравство во денешниот извештај регистрира и две починати лица позитивни на корона, од регионот на Гостивар.

Бројката на активно болни на подрачјето сега се движи околу 170, од кои најголемиот дел се од Општина Гостивар.

Последниот период, особено зголемување на заразени со коронавирус се евидентира во Гостивар, каде тридневниот биланс е над 25 нови случаи.

Во собите на инфективното одделение во гостиварската болница, деновиве беа додадени дополнителни кревети, а во подготовка е и мобилна амбуланта која ќе служи за тријажа на пациентите, односно нивно распределување за натамошен третман. Се очекува Кризниот штаб, кој поради изборите беше на пауза, час поскоро да одржи состанок и да донесе нови заклучоци и препораки со оглед на новонастанатата ситуација.

На државно ниво последното деноноќие направени се 830 тестирања, а регистрирани се вкупно 94 нови случаи на ковид. Најмногу од нив, 49 во регионот на Скопје. Свети Николе е со 9, Штип со 8 нови пациенти, а Тетово со 6. Заболени има и во Куманово, Прилеп, Кочани, Кичево и Струга.

Институтот за јавно здравје регистрира 42 оздравени лица.

До сега во земјата се направени вкупно 81.604 тестирања на ковид.  Вкупната бројка на дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 8.623, оздравени се е 4.603 лица, а починале 401. Во моментов во Македонија има 3.619 активни случаи.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 30 секунди

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 2 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 2 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 3 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 4 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 6 часа

Повеќечасовно минирање кај гостиварска Бањица денес

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Првични резултати на ДИК: Гордана Силјановска Давкова 362.682 (40,08%), Стево Пендаровски 180.306 (19,93%)

Здравје и убавинапред 7 часа

11 намирници за подобра циркулација

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена