Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар 4 ковид пациенти, расте бројот на новозаразени!

Објавено

на

По мирниот период во однос на состојбата со коронавирусот на гостиварското подрачје, повторно се бележи зголемување на бројката на новозаразени, меѓу кои има и пациенти што се хоспитализираат.

На инфективното одделение во Гостивар моментално се згрижени четири заболени со ковид.

„Од вкупно 11 пациенти кои се лекуваат на инфективното одделение, четири се со ковид. Може да кажам дека се во релативно добра состојба, имаат полесна клиничка слика, како бронхит и бронхопневмонија. Останатите пациенти се со гастроинтестинални заболувања, значи дијареа и повраќање, нешто што е вообичаено за овој период од годината. Последно време зголемен е бројот на позитивни на коронавирус, од кои повеќето поминуваат со лесна клиничка слика.“, информира раководителот на инфективното одделение, д-р Ратко Наумоски.

За разлика од претходните напливи на ковид, граѓаните сега поретко се обраќаат за лекарска помош, купуваат брзи тестови од аптеките, сами се тестираат и често земаат терапија на своја рака. Она што медицинските лица го гледаат како ризик е што овие пациенти не влегуваат во системот, не се изолираат и го шират вирусот.

„Како лекар сметам дека тоа не е добро, бидејќи не се пријавуваат никаде, се лечат дома или ќе се јават на телефон кај некој свој доктор и бараат терапија. Тие што се тестирале дома и излегле позитивни треба да се обратат кај нас, да ги воведеме во системот, да влезат во изолација, инаку шетаат одат по кафулиња, слаткарници, чајџилници, а тие се извор на зараза. Поминавме многу тешки моменти со коронавирусот, а сега како да е уште потешко заради оваа несовсност, како луѓето да не сакаат да сфатат дека се уште короната ја има.“, вели д-р Наумоски.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје во регионот на Гостивар изминатите седум дена потврдени се 36 нови позитивни на коронавирус.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Мирен изборен ден во Гостивар, попладнево поголема раздвиженост на избирачките места

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Во Општина Гостивар до 11 часот излезноста е 7,46%

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 7 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 20 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 21 час

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 22 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена