Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар има 21 ковид пациент, во модуларната се поставува централен кислород

Објавено

на

На инфективното одделение во гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад“ моментално се лекуваат 21 заболен од ковид. Од нив, шест се на кислородна поддршка, а состојбата им е релативно добра, информираше раководителот на одделението доктор Ратко Наумоски.

„На инфективното одделение имаме 21 пациент, од кои 6 се на кислородна поддршка, утрово имавме еден прием и еден испис на пациент. Тие што се на кислородна се во релативно добра општа состојба, додека останатите се во добра и деновиве најверојатно ќе ги испишеме. Симптомите на пациентите се како и до сега, покачена температура,  малаксаност, кај некои дијареа, но карактеристично е што сега голем дел се жалат на болки во грбот. Можам да кажам дека периодов има благо намалување на бројот на амбулантски случаи, како ќе биде понатаму ќе видиме. “, вели д-р Наумоски.

Во модуларната болница се работи на инсталирање на централен довод на кислород, поради што од пред два дена пациентите кои лежеле таму се префрлени на инфективно, каде централниот кислороден систем е завршен.

Освен на инфективното, пациенти со ковид во гостиварската болница се лекуваат и на интерното одделение кое има централен кислород.

Според последните податоци од Министерството за здравство, вкупната бројка на хоспитализирани ковид пациенти во Гостивар е 46. Активно заразени со коронавирус на подрачјето се околу 500 лица.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 43 минути

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 15 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 16 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 18 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 19 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Вестипред 20 часа

Москва: Украина загуби речиси половина милион војници

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена