Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар има 21 пациент со ковид – неколкумина се на кислородна терапија

Објавено

на

Гостивар, по број на активно заразени со коронавирус периодов е меѓу првите три региони во земјава. Поголемиот дел од позитивните поминуваат со благи симптоми и се во домашна изолација. Сепак, оние кои вирусот ги погодил повеќе, завршуваат на инфективното одделение во гостиварската болница, кое се полни со пациенти. Моментално таму се хоспитализирани 21 пациент со ковид. Според информациите од началникот на одделението, д-р Ратко Наумоски еден од пациентите е во потешка состојба со ниска сатурација-ниво на кислород во крвта и најверојатно ќе биде префрлен во Скопје во текот на денот. Три од хоспитализираните лица добиваат кислородна терапија, а останатите имаат средно-тешка или полесна клиничка слика.

„Различни се симптомите кај пациентите, имаат треска, покачена температура, тешкотии во дишењето, кај некои се јавува и дијареа, а може да се забележи дека сите имаат општа малаксаност. Во однос на возраста, таа е различна. Имаме и помлади пациенти со 40-тина години, но повеќето се повозрасни.“ вели д-р Наумоски.

Утрово од одделението, како оздравена била испишана пациентка со два негативни теста на ковид, а еден пациент бил префрлен на лекување во ковид центарот во Козле.

Состојбата со ширењето на коронавирусот на гостиварското подрачје веќе месец дена се оценува како сериозна. Скоро секојдневно има двоцифрени бројки на новозаразени, а голем дел од граѓаните и понатаму не ги почитуваат мерките на заштита.

„Сакам да апелирам граѓаните да бидат посовесни и да ги почитуваат мерките на заштита. Во градот многу луѓе не носат маски, ни одржуваат дистанца. По кафулињата е преполно, а не се внимава на мерките. И тоа е најголемата причина за порастот на заболени. Гостивар на почетокот беше меѓу градовите каде немаше случаи, а сега секој ден по 17,18 и 20 нови случаи. Алармантна е ситуацијата“, нагласи инфектологот Наумоски.

Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, Гостивар моментално има 285 активно болни со корона.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Во Општина Врапчиште до 9 часот гласале 422 избирачи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Први податоци за излезноста на изборите во Гостивар

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Седми претседателски избори во Македонија-Кој ќе биде идниот претседател?

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 4 часа

Сите избирачки места во Гостивар отворени навреме, гласањето тече

Македонијапред 16 часа

Пазарна инспекција ќе контролира дали трговците утре ќе работат

Гостиварпред 17 часа

Кривична пријава за бесправно градење во Гостивар

Македонијапред 19 часа

Училиштата сепак нема да работат во саботи, наставата ќе се надомести во работните денови

Гостиварпред 20 часа

Промовирана Монографија за библиотеката во Гостивар, труд на Теута Османи

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Граѓаните со истечени документи од 24 јули 2023 година ќе може да гласаат утре

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена