Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар се лекуваат 10 пациенти со ковид, 4 добиваат кислородна поддршка

Објавено

на

Состојбата со коронавирус на подрачјето на Гостивар изминатиот период е значително подобрена, што се потврдува со намален број на хоспитализирани пациенти и новозаразени. Моментално пациенти со ковид се примаат само на инфективното одделение, кое ги задоволува потребите. Таму денес се хоспитализирани 10 пациентии има 14 слободни легла.

„На инфективното одделение денес имаме 10 пациенти, од нив 4 се ставени на кислородна поддршка. Три се во потешка здравствена состојба. Намален е бројот и на амбулантските прегледи, кои главно се контролни на лица кои ја прележале болеста. Може да кажеме дека состојбата е подобрена. Сега е поставен централен кислород и во модуларната болница, но нема потреба да работи, затоа што нема толку голем број на пациенти. Се надеваме дека во наредниот период ќе се задржи стабилното ниво“, информираше д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Поминаа двата верски празника Велигден и Рамазан Бајрам, за време на кои немаше полициски час. Угостителските објекти добија дозвола да бидат отворени до подоцна, градинките да примаат повеќе деца, теретаните да почнат да работат. Лекарите нагласуваат дека и покрај намалените рестрикции и фактот дека бранот спласна, граѓаните мора да ги почитуваат постоечките мерки за заштита, носење на маска, одржување дистанца и хигиена.

Според последните официјални статистики во општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше има 136 активно заразени со коронавирус.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 2 недели

Денеска е Летник

Македонијапред 2 недели

Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле

Вестипред 3 недели

Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените

Гостиварпред 3 недели

Гостиварско архиерејско намесништво: Распоред на дежурни свештеници за Задушница

Гостиварпред 4 недели

„Врие“ од револт кај граѓаните од Бањица: Под шатори ќе спиеме на нивите, ја бараме ветената средба со Владата

Регионпред 4 недели

Земјотрес во Албанија, почувствуван и во Македонија

Гостиварпред 4 недели

Закани и напад врз сопственик на локал во Гостивар заради долгови

Гостиварпред 4 недели

Петрова во Гостивар на средба со сметководители и посета на Управата за имотно правни работи

Гостиварпред 2 недели

Платил 1600 евра за возачка без да полага, па откако бил измамен пријавил во СВР Тетово

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена