fbpx
Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар се лекуваат 12 пациенти со ковид, 2 се на кислородна поддршка

Објавено

на

Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар моментално располага со доволно капацитети да одговори на актуелната состојба со коронавирусот на гостиварското подрачје. Вкупната бројка на активно заразени со коронавирус во регионот на Гостивар моментално е околу 90, а подрачјето е во фаза на понизок ризик од ширење на вирусот. Како што веќе информиравме, поголемиот дел од новите случаи во последниот период, се од семејни кластери. 

Инфективното одделение е исполнето со половина капацитет.

„Денес не информираа дека 7 нови позитивни се од едно семејство, еден од нив е хоспитализиран кај нас, другите се во добра општа состојба и се во домашна изолација. На одделението моментално имаме 12 пациенти со корона, од кои двајца се на кислородна поддршка. Останатите се со средна клиничка слика, во стабилна општа состојба. Со другите граѓани од гостиварското подрачје кои се позитивни, а се во домашна изолација сме во постојан контакт и може да кажам дека се во добра стсојба. Од нас добиваат од совети и сугестии што и како треба да преземаат.“, информира д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Сподели:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Отворени огласи за вработување во полог:

- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Монтенегро ДОО Гостивар
- Кошаркарски клуб Гостивар А.Д
- VILLA Group DOOEL
- M&M Медија ДООЕЛ Гостивар

СЛЕДЕТЕ нè на FACEBOOK

Популарно изминативе 100 дена

error: Содржината е сопственост на Gostivarpess.mk!