Поврзи се со нас

Гостивар

На инфективно во Гостивар се лекуваат 19 пациенти со ковид, една пациентка е во тешка состојба

Објавено

на

Коронавирусот повторно зема замав и меѓу населението во гостиварскиот регион. Во деновите од продолжениот викенд Министерството за здравство потврди вкупно 40 новозаразени.

Инфективното одделение во гостиварската болница периодов е преоптоварено со пациенти. Моментално се хоспитализирани 19.

„На инфективното одделение во гостиварската болница моментално има 19 пациенти од кои една пациентка е во потешка состојба, на кислородна поддршка, останатите се во средно-тешка здравствена состојба. Значи со терапијата што им ја даваме, наша проценка е дека ќе ги излечиме, единствено состојбата е потешка како што реков кај пациентката која е на кислородна поддршка.“, информираше д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение во Гостивар.

Во борбата против коронавирусот планирано е наредниот период да се вклучат и лекарите специјалисти по интерна медицина. Тие ќе помагаат во инфективно, а доколку таму се пополнат капацитетите, дел од интерното одделение ќе се пренамени за ковид пациенти.

„Има некои планови интернистичкото одделние со интернистите да бидат ангажирани и на инфективно. Ако се зголеми бројот на пациенти, и да се случи да немаме кревети на инфективно, еден дел од интернистичкото одделение ќе се направи како еден вид ковид центар, ковид одделение, да може да ги прифаќа пациентите. И интернистите ќе бидет преориентирани кон овие пациенти, тие ќе си се организираат на ниво на интернистичката служба“, рече Наумоски.

Бројката на активно болни во регион на Гостивар заклучно со вчерашните податоци изнесува 144.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена