Поврзи се со нас

Свет

На изборите во Австрија победи ултрадесничарската „Партија на слободата“

Објавено

на

    На вчерашните парламентарни избори во Австрија победи ултрадесничарската Слободарската партија (ФПО), која се противи на антируските санкции, освојувајќи околу 29 проценти од гласовите.

    На изборите гласале 6,3 милиони граѓани (78 проценти), а во кампањата доминираа прашањата за миграцијата и азилот, економските проблеми и војната во Украина.

    Според освоените гласови ФПО би требало да има 56 од вкупно 183 пратеници, додека конзервативците би добиле 52, а социјалдемократите 41 пратеничко место.

    Дали ФПО ќе најде партнер за формирање на стабилна коалиција останува отворено прашање, бидејќи лидерите на партиите не се расположени за соработка со партија со нацистичка идеологија.

    ФПО е формирана во 50-тите години од минатиот век од поранешни членови на СС и други нацистички ветерани, а предизборната кампања беше насочена кон странците, ветувајќи дека ќе изгради „тврдина Австрија“ за да ги спречи мигрантите.

    Лидерот на ФПО, Херберт Кикл им вети на гласачите дека ако му ја дадат победата, тој ќе служи како нивен „Волксканцелар“ (Volkskanzler) или „народен канцелар“, прекар што го користел Адолф Хитлер.

    Иако ФПО го минимизира своето нацистичко минато и се обидува да се прикаже себеси како алтернатива против естаблишментот на мејнстрим десницата и левиот центар, таа постојано користи антисемитски фашистички пароли.

    Победата на ФПО наиде на воодушевување кај европските десничарски партии.

    Лидерката на француската партија Национален собир, Марин Ле Пен на платформата Икс напиша: „По изборите во Италија, Холандија и Франција, овој бран, кој ја поддржува одбраната на националните интереси, зачувувањето на идентитетот и воскреснувањето на суверенитетот, насекаде го потврдува народниот триумф“.

    Победата на ФПО за лидерот на германската десничарска Алтернатива за Германија (АфД), Бјерн Хоке е сензација.

    • Победата на ФПО не е само победа за Австрија – таа ги надминува границите на таа алпска република и е добар знак за напредок за цела Европа, објави Хоке на Икс.

    Додека холандскиот националист Герт Вилдерс, чија Партија на слободата (ПВВ) ја предводи холандската Влада на Икс објави: „Ние победуваме! Времињата се менуваат! Идентитет, суверенитет и слобода. И нема повеќе илегална имиграција или азил, по што копнеат десетици милиони Европејци!“

    На Фејсбук се огласи и шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто, кој напиша: „Каков викенд!! По Чешка, уште една победа за патриотите преку граница … Без војна, без миграција и без родова пропаганда!“.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Македонијапред 2 недели

    9 мај – Ден на победата над фашизмот

    Гостиварпред 4 недели

    Прекин на водата утре во Гостивар, објави вечерва Комуналец

    Спортпред 4 недели

    Три злата и две бронзи за македонските борци на ММА турнир во Грција

    Рецептипред 4 недели

    Пролетна освежителна салата со јаболко и спанаќ

    Деца Родителипред 4 недели

    Шест корисни попладневни навики за децата кои одат во училиште и нивните родители

    Гостиварпред 3 недели

    Јован Филипоски и Лилјана Михајлоска од Гостивар се зет и невеста на Галичка свадба 2025

    Спортпред 4 недели

    Ливерпул по 20-ти пат шампион на Англија

    Видео емисиипред 3 недели

    ВИДЕО | Мајстор Рашит од Гостивар, прочуениот кројач со златни раце

    Писмапред 2 недели

    ПИСМА: Жители од зградите кај пазарот во Гостивар стравуваат од брзи возачи: Дали треба човечки живот да згасне за да се преземе нешто?

    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 7 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена