Вести Гостивар
На јакото Сонце само со соодветна заштита!

Сите го сакаме Сонцето и тоа има голема улога во создавање на витаминот Д, кој е важен за нашите коски. Сепак и покрај тоа, треба да бидеме крајно внимателни при изложување на сончеви зраци, за да избегнеме горење на кожата, црвенила, алергии, предвремено стареење. Заштитете се соодветно кога шетате на Сонце! Штетните ултравиолетови зраци (УВ) ја зголемува можност за заболување од меланом. Затоа сериозно сфатетете ја заштитата на кожата со соодветни креми и лосиони со висок заштитен фактор.
Задолжително носете наочари со УВ заштита и капа. Главоболките од јако сонце не се ретки и затоа е најдобро главата да биде заштитена со капа, шешир, марама… Одберете светла боја за да ги одбива сончевите зраци. Истото важи и за облеката што ја носите.
Иако одите само на прошетка, а не на плажа, стручњаците препорачуваат да користите крем со заштитен фактор најмалку 15 за оние делови кои ви се изложени на Сонце овој период, како рацете или нозете. За лицето секако задолжително. Истиот да се намачка по кожата во доволна количина, бидејќи ако слојот е тенок, може да ја намали делотворноста за 50 проценти. Лицата со светла кожа и со поголем број младежи, треба да го зголемат факторот на заштита и да користат креми со фактор 30 и 50.
Заштитните спрејови, лосиони, креми се направени од мешавина на хемикали. Неорганските хемикалии ги рефлектираат, односно одбиваат сончевите зраци од кожата, а органските ги апсорбираат штетните УВ зраците, наместо кожата. Како што ги апсорбираат зраците, органските компоненти на кремата полека се распаѓаат и ослободуваат топлина.
Некои неоргански материи, вклучувајќи ги минералите како цинк оксид или титаниум диоксид, делуваат како физички блокатори на сонцето. Тие ги рефлектираат УВ зраците слично како што белата боја ја рефлектира светлината.
Колку е важно што мачкате по кожата, толку е важно каква храна внесувате. Менито во сончевите денови треба да изобилува со: домати, моркови, лубеница, спанаќ, лосос, јагоди, киви, зелка.
-
Македонијапред 2 месеци
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
-
Здравје и убавинапред 2 месеци
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
-
Гостиварпред 2 месеци
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022
-
Македонијапред 2 месеци
Се празнува Спасовден
-
Гостиварпред 3 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
-
Спортпред 2 месеци
Леуново достоен домаќин на првата теренска трка со пречки: Адреналин, забава, невреме, натпреварувачки дух!
-
Вестипред 3 месеци
Наместо спортска игра, тотален хаос на натпреварот КК Гостивар-Пелистер
-
Гостиварпред 3 месеци
ОО СДСМ Гостивар го чествуваше 24 Мај: Светите браќа се клучни личности во македонската историја