Поврзи се со нас

Здравје и убавина

На јакото Сонце само со соодветна заштита!

Објавено

на

Сите го сакаме Сонцето и тоа има голема улога во создавање на витаминот Д, кој е важен за нашите коски. Сепак и покрај тоа, треба да бидеме крајно внимателни при изложување на сончеви зраци, за да избегнеме горење на кожата, црвенила, алергии, предвремено стареење. Заштитете се соодветно кога шетате на Сонце! Штетните ултравиолетови зраци (УВ) ја зголемува можност за заболување од меланом. Затоа сериозно сфатетете ја заштитата на кожата со соодветни креми и лосиони со висок заштитен фактор.

Задолжително носете наочари со УВ заштита и капа. Главоболките од јако сонце не се ретки и затоа е најдобро главата да биде заштитена со капа, шешир, марама… Одберете светла боја за да ги одбива сончевите зраци. Истото важи и за облеката што ја носите.

Иако одите само на прошетка, а не на плажа, стручњаците препорачуваат да користите крем со заштитен фактор најмалку 15 за оние делови кои ви се изложени на Сонце овој период, како рацете или нозете. За лицето секако задолжително. Истиот да се намачка по кожата во доволна количина, бидејќи ако слојот е тенок, може да ја намали делотворноста за 50 проценти. Лицата со светла кожа и со поголем број младежи, треба да го зголемат факторот на заштита и да користат креми со фактор 30 и 50.

Заштитните спрејови, лосиони, креми се направени од мешавина на хемикали. Неорганските хемикалии ги рефлектираат, односно одбиваат сончевите зраци од кожата, а органските ги апсорбираат штетните УВ зраците, наместо кожата. Како што ги апсорбираат зраците, органските компоненти на кремата полека се распаѓаат и ослободуваат топлина.

Некои неоргански материи, вклучувајќи ги минералите како цинк оксид или титаниум диоксид, делуваат како физички блокатори на сонцето. Тие ги рефлектираат УВ зраците слично како што белата боја ја рефлектира светлината.

Колку е важно што мачкате по кожата, толку е важно каква храна внесувате. Менито во сончевите денови треба да изобилува со: домати, моркови, лубеница, спанаќ, лосос, јагоди, киви, зелка.

Сподели ја веста:
Прочитај повеќе
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 5 дена

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 недели

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 2 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 7 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена