Гостивар
На Кејот во Гостивар се поставуваат дрвени куќички за продавање храна, грицки, пијалоци…

Кејот на Вардар во Гостивар е омиленото место за прошетки и релаксација на граѓаните, особено во летниот период, кога фреквенцијата на движење во овој дел од градот е многу голема. Вообичаено налето долж шеталиштето на разни штандови или импровизирани тезги поединци продаваат крофни, торнадо чипс, пуканки, пијалоци и слично, кои го привлекуваат вниманието на минувачите, посебно на децата. Со цел да не се нарушува естетиката на просторот и трговците да имаат подобри услови за продажба, Општина Гостивар реши на шеталиштето да постави унифицирани дрвени куќички за таа намена. Изминатиот период се работи на подготовка на теренот за нивна монтажа, а според најавите објектите ќе бидат функционални од 1 јули до 1 декември.
„Предвидено е да бидат поставени вкупно 20 куќички од дрво, и што е најважно, тие ќе бидат еколошки и унифицирани. Сите ќе имаат привремен приклучок за електрична енергија и вода. До нас беа поднесени над 50 барања за користење на куќичките, значи имаше интерес, а избрани беа првите дваесет кои аплицирале. За користење на објектите тие ќе плаќаат месечен надоместок, согласно законот“, информираше Семир Зулбеари од општинскиот сектор за урбанизам, додавајќи дека објектите се лоцираат на места кадешто нема да го попречуваат движењето на луѓето по шеталиштето.
Куќичките се поставуваат од двете страни на потегот од големиот мост до спортско рекреативниот центар на шеталиштето. Доколку и следната година има толку голем интерес за изнајмување на вакви објекти, општината ќе разгледа можности да монтира дополнителен број во остантиот дел на Кејот.
-
Македонијапред 3 месеци
УЈП со најнова листа на должници – Фирми и граѓани должат над 140 милиони евра на државата
-
Гостиварпред 3 месеци
Девизниот курс денес според приватните менувачници во Гостивар и НБРМ
-
Гостиварпред 3 месеци
Украинка приведена во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Девојка пријавила дека била обљубена во стан во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Кафулињата, рестораните, пицериите во Гостивар со 2 часа плус работно време летово
-
Гостиварпред 3 месеци
Екипи расчистуваат низ Гостивар по поројниот дожд со силен ветер
-
Гостиварпред 3 месеци
На општинската зграда, училиштата, градинките во Гостивар ќе се поставуваат соларни панели, почна процедура за концесионерство
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
Отворена нова современа Авто школа во Гостивар „ДЕЛТА“: Да го подигнеме нивото на работа во обука на возачи!