Поврзи се со нас

Македонија

На концерти и други настани под строги правила: Нема продажба на пијалоци и храна, цела публика со маски…

Објавено

на

Владата на својата веб страна ги објави протоколите кои произлегуваат од планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот, по кои задолжително мора да се спроведуваат истите.

Меѓу нив е Протоколот за организација на настани. Во продолжение гп пренесуваме целосно:

ОПШТ ДЕЛ

  • настаните да се организираат и одржуваат на отворено;
  • настаните да се организираат со 50% од капацитетот на местото каде што ќе се одржува настанот;
  • задолжително е носењето на лична заштита на лицето на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, согласно член (2) од Уредбата со законска сила за носење лична заштита на лицето заради спречување на ширењето, сузбивање на заразната болест предизвикана од Коронавирусот COVID-19 и заштита на населението за време на вонредна состојба („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.107/20);
  • задолжително одржување на физичко растојание од два метри на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
  • задолжителна дезинфекција на раце на влез на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација;
  • задолжителна дезинфекција на раце на сите посетители и сите членови на тимовите задолжени за организација, за целото времетраење на настанот;
  • засилени санитарно-хигиенски мерки, редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини.
  • задолжително присуство на редарска служба која ќе го контролира спроведувањето на горенаведените мерки;

ЗА ПУБЛИКАТА

  • Намалување на капацитетот на местото каде што ќе се одржува настанот за 30%;
  • За настаните на отворено да се овозможи соодветен простор за физичко растојание на посетителите;
  • Во затворените простори да се овозможи седење преку едно седиште;
  • Зголемување на времетраењето потребно за влез и излез на посетителите;
  • Регулирање на препорачаното растојание помеѓу посетителите при влез и излез, од страна на организаторот, преку спроведување на коридорски систем на движење на публиката;
  • Пресонализирање на продадените билети, т.е. регистрација на сите посетители при купување на билет (име и презиме и некоја друга соодветна идентификација).
    Се препорачува бесконтактно набавување на влезници;
  • Задолжително носење на маска за секој посетител – влезот нема да биде дозволен без маски;
  • Задолжителна дезинфекција на влез за секој посетител;
  • Задолжително мерење на температура на влез за секој посетител;
  • Продажбата на пијалаци и храна да биде забранета на концерти, со исклучок на експо саеми каде изложувањето на пијалаците би било во функција на дегустација;
    Служење на пијалаци и храна да биде дозволено само како мобилно послужување, без шведска маса (корпоративни настани и прослави);
  • Ангажирање на патролна служба за почитување на мерката за носење маски и држење растојание.

ЗА ОРАНИЗАТОРИТЕ

  • Сите членови од тимот да бидат опремени со заштитна опрема;
  • Обезбедување на средства за дезинфекција и нивно постојано користење за време на настанот;
  • Задолжително мерење на температура на членовите на тимот и учесниците;
  • Намалување на бројот на тимот кој ќе има контакт со изведувачите или учесниците на настанот;
  • Намалување на бројот на тимот кој ќе циркулира помеѓу посетителите;
  • Обезбедување на соодветен простор за физичко растојание и престој на учесниците пред, за време и по настанот;
  • Зголемување на просторот помеѓу бината и првите редови на посетителите;
  • Зголемување на димензиите на бината за овозможување на доволна физичко растојание на учесниците;
  • Обезбедување на поголем простор за миксетата и останата техничка опрема кога треба да биде поставена во делот кај публиката и обезбедување на физичко растојание помеѓу тимот и публиката;
  • Доколку просторот за организација на настанот овозможува, претставниците на акредитираните медиуми ќе имаат посебен влез и посебно место за лоцирање;
    Доколку не, за нив важат истите насоки како и за публиката;
  • Доколку настанот побарува присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, за нив важат правилата за употреба на заштитна опрема;
  • Обезбедување на заштитна опрема доколку постои физичка продажба на билети на влезот на настанот;
  • Потсетување на посетителите на мерките на претпазливост и држење растојание пред почеток на настанот на видео бим (доколку има) или со снимен говор преку системот за озвучување;
  • Сите членови на физичкото обезбедување да бидат опремени со заштитна опрема (маски, ракавици, визири);
  • Задолжително објавување на мерките на сите ПР и маркетинг материјали за настанот како и објави на социјалните мрежи;
  • За филмските продукции доколку настанот се снима или има потреба за пренос во живо:
    • Поставување на камери и сниматели кои управуваат со истите на точно позиционирани места претходно одредени со најмало растојание  од 3 до 5 метри;
    • Режискиот пулт да биде поставен надвор и независно од сцената за изведба;
    • При снимање да се користи опрема од типот на кран како најбезбедна опција за пренос на слика од публика или оркестар.
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement
Гостиварпред 6 дена

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Што, како, каде?!пред 3 недели

„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Гостивар-Вработена во продавница фатила лице при кражба

Гостиварпред 4 недели

Викендов на плоштадот во Гостивар новогодишни настани за најмладите

Гостиварпред 4 недели

По пријава за вознемирување во берберница, гостиварец завршил во полициска станица

Гостиварпред 4 недели

Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар

Македонијапред 4 недели

500 евра минимална плата, пониски придонеси и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор, бара СКСЗМ

Гостиварпред 4 недели

На Табановце лишен од слобода гостиварец поради сомнение за измама

Гостиварпред 4 дена

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 5 дена

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 3 недели

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 4 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 10 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена