Поврзи се со нас

Македонија

На крај на април завршува ограничувањето на маржите

Објавено

на

    Одлуката за ограничување на бруто профитната маржа на основните прехранбени производи и дел од средствата за хигиена и  одлуката за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи завршуваат на крајот на овој месец. Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши вели дека ќе се следи ситуацијата и доколку има потреба, ќе бидат донесени други мерки.

    – Ние ќе ја следиме ситуацијата, ако случајно се зголемува инфлацијата, ќе постапиме соодветно и ќе донесеме други мерки, рече Дурмиши на денешната прес-конференција.

    Според него, двете мерки ги дале очекуваните резултати затоа што според податоците на Државниот завод за статистика во март инфлацијата бележи намалување на годишно ниво од 2,7 проценти, а во однос на февруари дефлација од 1,3 проценти.

    На предлог на Министерството за економија беа донесени одлука за ограничување на бруто профитната маржа на 102 групи на производи и одлука за утврдување на највисоки цени на осум групи на прехранбени производи. Одлуките стапија на сила од 20 февруари и траат до 30 април.

    Од петок, трговците на мало ќе треба и јавно да ги објавуваат цените на производите на своите веб страници и да ги ажурираат секој ден до 10 часот. Цените треба да бидат објавени во посебен дел од веб страницата и да бидат достапни без регистрација или дополнителна најава на веб страницата. Ова произлегува од измените на Законот за заштита на потрошувачи кои беа донесени во март.

    – Измените на Законот стапија на сила на 4 март и со нив е предвидено во рок од 45 дена од објавувањето на законот во Службен весник секој трговец на мало и големо да ја објави тековната продажна цена на производите. Согласно законките измени и Правилникот што го изготви Министерството за економија и труд, трговците почнувајќи од 18 април ќе мора да ги објавуваат цените на својата веб страница, рече  Дурмиши на прес-конференцијата.

    Сподели ја веста:
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Advertisement
    Гостиварпред 4 месеци

    Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

    Гостиварпред 4 месеци

    Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

    Гостиварпред 5 месеци

    Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

    Гостиварпред 6 месеци

    ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

    Гостиварпред 8 месеци

    Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

    Гостиварпред 10 месеци

    Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

    Гостиварпред 1 година

    Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

    Гостиварпред 1 година

    Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

    Гостиварпред 1 година

    Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

    ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

    Заследете нѐ на Facebook

    следете нѐ и на телеграм

    Advertisement

    Следете нѐ

    Advertisement

    Популарно изминативе 100 дена