Поврзи се со нас

Македонија

На оглас ќе се доделува државно земјиште за органско производство

Објавено

на

„Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги препознава бројните предности на органското производство, како и потенцијалот за развој на Македонија на ова поле. Во тек е изработка на оглас за доделување на државно земјоделско земјиште наменето исклучиво за органско производство, кој ќе биде објавен на крајот на месецов. Во овој контекст, за прв пат ќе објавиме и оглас за доделување на државно земјоделско земјиште за производство на органска сточна храна. Посебен акцент ставаме на младите земјоделци, за поттикнување и поддршка на младите земјоделци, воведуваме нова политика, со која што дополнителна предност ќе имаат младите земјоделци чија што дејност би била токму органското производство“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната тркалезна маса „Како да се поттикне органското производство на храна“.
Николовски потенцираше дека заложбата на МЗШВ за органското производство не е само декларативна, туку производителите на органско производство во Владата треба да гледаат силен партнер. Финансиската поддршка за развој на органското земјоделско за 2018 година е зголемена од 61 милиони денари на 81 милиони денари. Субвенциите достапни за земјоделците кои практикуваат органско производство, во зависност од културата, се до 100% повисоки од сумите наменети за конвенционално производство. Зголемени се и субвенциите за развојните категории на земјоделските стопанства од 20% за растително и 10% за сточарско производство кое ги опфаќа и органските производители.

Меѓу мерките кои денес беа презентирани е измената на законската регулатива со што ќе се овозможи одредени подрачја да се сертифицираат како органски региони. Во насока на подигнување на свеста на потрошувачите за значењето и хранливата вредност на органските производи, во моментов се реализираат работни средби со Министерството за здравство за воспоставување на „органско мени“ во Клиниката за детски болести . Во следна фаза овој проект треба да ги опфати и градинките и основните училишта ширум државата.
Во подготовката е „Регистар на органски оператори“, кој што ќе нуди точни податоци за сите производители: сертификација, вид на култури, локација на производство и планирани количини. Со воспоставувањето на овој Регистар ќе се елиминираат досегашните манипулациии на пазарот и секој потрошувач ќе знае точно дали производот кој го набавил навистина е органски, кој го произвел и каде.
Денешната трибина во Скопје беше во организација на потрошувачите на Македонија, Асоцијација „Зенит“ и Здружението „Медиа Плус“, а поддржана од проектот „Преминете на органско – потрошувачите во центарот на земјоделската политика“ финансиран од Европската Унија и од швајцарската Програма за зголемување на пазарната вработливост.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена