Вести
На падините на Бистра започнува 55-тиот Мавровски Меморијал
Со положување на цвеќе на споменикот на градителите кои го загубиле својот живот при изградбата на хидро енергетскиот систем Маврово, денес свеченото ќе биде отворен Мавровскиот Меморијал. Трките во нордиско трчање во машка и женска конкуренција ќе се одржуваат на 7 и 8 март на падините на Бистра, на локацијата викана Мирна Долина.
„Предвидено е да се трча на патеки долги од 5 и 10 километри, каде ќе гостуваат и репрезентаци на повеќе од осум европски држави како што се Србија, Грција, Словенија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Луксембург, Турција, Романија и останати“, информираат од Скијачката федерација на Република Македонија.
Мавровскиот меморијал оваа година се одржува под покровителство на заменик претседателот на Влада на Република Македонија и министер за одбрана, Радмила Шекеринска Јанковска, а е поддржан од Агенција за млади и спорт и Скијачката федерација. Мавровскиот Меморијал е дел од континенталниот куп во нордиско трчање и на истиот натпреварувачите се борат за освојување на FIS бодови. Настанот се одржува во чест на февруарската снежна трагедија од 1956 година, кога при големи лавини загинаа 52 градители, граничари и месно население.
-
Гостиварпред 3 дена
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 3 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди