Македонија
На патарините повеќе ленти со таг со наплата од трансакциска картичка

Наместо само една лента со таг на патарините, да има три до четири. Ова се идните планови на Јавното претпријатие за државни патишта со цел да нема застој на патарините и протокот на возила да биде побрз, најави денеска директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски. Тој истакна дека се прави напор проектот во висина од 12 милиони евра кој бил во застој да продолжи, со што на патарините ќе има повеќе тагови на кои ќе се наплаќа со трансакциска картичка, која нема да мора да се надополнува на одредени места.
-Воедно разговараме и сме во комуникација со соседните држави за начинот на плаќање на патарините, да се промени и во нашата државата. Ако сега имаме една лента со тагови од вкупно пет се трудиме да има три до четири со тагови, а само една да остане без тагови. Притоа наплаќањето да биде со трансакциски картички, оние кои секојдневно ги користиме врзано тагот со него, и да не мора да се надополнува,вели Трајановски.
Разговорите се во тек и соседните држави, и како што посочи Трајановски, движењето ќе биде моногу полесно и побрзо. Она што веќе се практикува во странство да почне да се применува и во државата е заложбата на ова јавно претпријатие.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 1 недела
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 2 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог