Гостивар
На пазарот во Гостивар волонтери делеа вода и совети за заштита од жештината

Денешниот пазарен ден во Гостивар се одвива во услови на топлотен бран, трговците колку што можат се обидуваат да останат под сенка, а поголемиот дел од граѓаните побрзаа да испазаруваат порано наутро. Изминатиот период Црвениот крст на Гостивар неколкупати на различни локации делеше вода и совети за заштита од ризично високите температури, а денес младите волонтери од организацијата со иста цел беа токму на градскиот пазар.
На трговци и купувачи им поделија шишиња со вода и ги потсетија како да ги избегнат опасностите од топлотниот бран.
„Продолжуваме со активностите за грижа за здравјето на нашите сограѓани и во наредните денови, за времетраење на топлотниот бран. Препорачуваме почитување и примена на препораките за заштита за време на најтоплиот период од денот (од 10ч до 17ч): избегнувајте напорни физички активности на сонце, постојано внесувајте течности, избегнувајте мрсна калорична храна, носете светла лесна облека и заштитни очила и капа“, нагласуваат од гостиварскиот Црвен крст.
Топлотниот бран ќе трае до петок. За цела Македонија е прогласено портокалово ниво на опасност од високите температури кои го надминуваат 40-тиот степен.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос