Претседателски 2019
На полноќ почнува предизборен молк!
Вечерва на полноќ завршува кампањата за вториот круг на Претседателските избори 2019, што ќе се одржи во недела на 5 мај. Настапува предизборен молк, кој ќе трае се до 19 часот на денот на гласањето. За време на молк, забрането е водење кампања, медиумите не смеат да објавуваат информации за партиски активности, изјави, средби на учесници во изборите, а не е дозволено ниту објавување на политички маркетинг.
Во вториот круг на изборите ќе се соочат: Гордана Силјановска Давкова, кандидат поддржан од ВМРО ДПМНЕ , која во првиот круг доби 318.341 глас или 42,25% и Стево Пендаровски, кандидат поддржан од СДСМ, за кого гласаа 322.581 гласач или 42,81%.
Право на глас на Претседателските избори 2019 имаат 1.808.131 избирач. За да бидат успешни изборите, на гласање треба да излезат 40% од запишаните избирачи, односно 723.253 гласачи. Ако се исполни тој услов, за претседател ќе биде избран кандидатот кој ќе добие мнозинство од гласовите.
Гласањето во недела на 5 април, почнува во седум часот наутро и ќе трае до 19 часот. На ден пред изборите, во сабота, ќе гласаат болни и изнемоштени, затвореници и лица во притвор.
-
Рецептипред 3 месеци
Наједноставниот рецепт за плескавици од тиквички е сѐ што ви треба во овие топли денови за супер брз ручек и совршен вкус!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ
-
Гостиварпред 3 месеци
Жител на Добридол измамен за 2700 денари на пазар во Тетово
-
Гостиварпред 2 месеци
Преполно инфективното одделение во Гостивар, труењата со храна зачестени
-
Светпред 2 месеци
Земјотрес од 4,4 степени во Албанија
-
Македонијапред 3 месеци
Денес се слави Петровден
-
Гостиварпред 3 месеци
Општина Гостивар: Остри казни за сите кои го прекршуваат законот и го уништуваат јавниот имот
-
Гостиварпред 3 месеци
Викендов 61 издание на Галичка свадба