Гостивар
На повидок решение за каналот за наводнување во Гостивар поради кој протестираа земјоделци

Стручни лица да изнајдат соодветно решение за покриениот дел од каналот за наводнување во Шеста зона во Гостивар, на начин да не се затвора протокот на вода до нивите. Ова е договорено на неодамнешниот состанок кој се одржа во општината меѓу засегнатите земјоделци, заменик-министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети, градоначалникот Ваљбон Лимани, директорот на Водостопанство Филип Филиповски и раководителката на гостиварската подружница на Водостопанство Јулија Николиќ. Средбата дојде по јавното изразување незадоволство и протест на земјоделци од 15 полошкисела поради покривање на каналот со што станал нефункционален.
„Се договоривме да се реши тој дел од каналот на адекватен начин, да не го попречува протокот на вода. На тоа се сложија од општината и се надеваме дека ќе се реализира. Можеме да кажеме дека на повидок е решение, ние чекаме, за нас е важно пред почетокот на сезоната тоа да биде готово, затоа што на 1 април треба да се пушти вода низ каналот“, изјави за Gostivarpress.mk Живко Јовановски, претставник на земјоделците.
Во изнаоѓањето на најсоодветно техничко решение се вклучени екипи од Водостопанство и општинскиот Сектор за урбанизам.
„Верувам дека ќе се донесе најдоброто решение сѐ со цел да не им се нанесе штета на земјоделците но и условите на таа улица да бидат во ред, да нема опасност за граѓаните.“, рече градоначалникот Лимани.
Од Водостопанство истакнуваат дека е потребно решение што ќе ги задоволи потребите на земјоделците од 15-те села кои го користат каналот за наводнување, но истовремено мора да се води сметка и за урбаните средини. „За ова, неопходни се софистицирани технички решенија, со кои ќе обезбедиме функционалност и за идните генерации земјоделци.“, нагласуваат од таму.
Каналот Здуње – Пирок е во вкупна должина од 15 километри и е наменет за наводнување на земјоделски површини од вкупно 3.600 хектари. На средината на јануари земјоделците кои го користат, протестираа поради покривање на дел од каналот од страна на општината, чие што образложение пак беше дека тоа е преземено на барање на тамошните жители заради загрозена безбедност.
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Гостиварпред 4 недели
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар
-
Гостиварпред 2 месеци
Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи
-
Светпред 3 месеци
Русија разви вакцина против рак, ќе биде бесплатна за руските пациенти и достапна на почетокот на 2025 година
-
Гостиварпред 3 месеци
Предновогодишна забава и дружење за дечињата на плоштадот во Гостивар
-
Гостиварпред 3 месеци
Хуманитарна акција на мото клубот „GO Bikers“ од Гостивар: Помош за сограѓаните во зимските денови
-
Гостиварпред 3 месеци
Абдил Биљали назначен за нов началник на ОВР Гостивар