Поврзи се со нас

Занимливости

На првиот ден на СП во атлетика: Дабо и Бусоби го воодушевија светот

Објавено

на

Во Доха, Катар вчера се отвори седумнаесетото Светско првенство во атлетика. Смотрата на најдобрите атлетичари на светот ќе трае до 6 октомври. Официјално натпреварите започнаа денес и уште на првиот ден се случи настан кој го воодушеви светот.

Трката на 5000 метри донесе еден човечки потег достоен за почит и награда. Поточно, Браима Сунчар Дабо е спортист и единствен претставник на Гвинеја-Бисао на овој Мундијал, а тоа што го направи ги разнесе срцата на луѓето ширум светот. Единствен претставник на Аруба е и Џонатан Бусоби и двајцата тркачи се свесни дека немаат никакви шанси за медал во оваа конкуренција, самото учество на светскиот куп е огромен успех, единствено што може да запишат во нивната кариера завршена трка на светско првенство.

Во последниот круг на 5ооо метри квалификациската трка, Бусоби поради невозножните временски услови во Доха (иако стадионот е климатизиран) колабира на стазата, а Дабо кој беше неколку метри пред него го забележа и занемарувајќи ги спортските резултати одлучи да се врати да му помогне на исцрпениот противник да ја заврши трката.

И успеаа, заедно ја минаа целта, иако Бусоби едвај стоеше на нозе, Дабо, се жртвуваше до самиот крај.

Трогателната сцена, ја воодушеви публиката во Доха која гласно навиваше поддржувајќи го симпатичното дуо. Дабо, иако нема да биде запаметен по спортските резултати, ова ќе го стави во спортските бесмртници. А во Џонатан Бусоби, сигурно стекна искрен пријател до крајот на животот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 34 минути

Овошјa кои треба да се јадат за здраво и нормално варење на храната

Деца Родителипред 14 часа

Разновидна исхрана за правилен развој на детскиот мозок

ИЗБОРИ 2024пред 18 часа

Претседателски избори: Утре први гласаат членовите на ИО во дијаспората

Дафина Стојаноска
ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 19 часа

Стојаноска: Кај граѓаните има расположение за промени, го користиме секој момент да ги сослушаме

Гостиварпред 20 часа

Матен случај за имот во Маврово кој гостиварка си го нашла заклучен

Гостиварпред 21 час

Изгорени над 400 хектари шума во НП Шар Планина за еден месец

Гостиварпред 22 часа

Дете нападнато од соученици, случајот пријавен во ОВР Гостивар

Здравје и убавинапред 23 часа

Совети за брзо закрепнување ако имате болки во грбот

Македонијапред 24 часа

МОН ги известило училиштата да ги одработат 24 април и 8 мај во саботи

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена