Македонија
На располагање нови средства за модернизација и развој на рибарството и аквакултурата во земјава

Сите што сакаат да градат нови или да ги ревитализираат старите рибници и пунктови или сакаат да градат капацитети за преработка на риби од денеска па се до 22- ри март ќе може да аплицираат за добивање средства преку Програмата за рибарство и аквакултура, објави денеска Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството, и руралниот развој, Николче Бабовски, информира дека финансиската поддршка изнесува до 7.000.000,00 денари по поединечен корисник, од кои максималниот поврат на средствата односно грантот е од 50 до 65% од прифатливите трошоци за реализираната инвестиција.
Доделената финансиска поддршка е неповратна, а барателите не смеат да почнат со реализација на инвестицијата пред да потпишат договор за ко-финансирање со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој.
Право на користење на оваа поддршка имаат субјекти кои се регистрирани за дејност аквакултура и кои поседуваат или користат недвижен имот на кој планираат да изградат капацитет за аквакултура; или поседуваат дозвола за користење на вода за поставување на кафези во зоните предвидени за аквакултура, субјекти кои се запишани во регистарот на одгледувачи на риби при МЗШВ, како и сите субјекти кои се од ранг на микро, мали и средни претпријатија кои поседуваат или планираат да изградат преработувачки капацитет наменет за преработка на риба.
Барањата за користење средства со листата на потребни документи и Упатсвото за корисниците може да се превземат од веб страницата на Агенцијата, www.ipardpa.gov.mk, во делот Рибарство и аквакултура 2020. Барањата доставени по 22- ри март 2020 година нема да бидат разгледувани.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар