Поврзи се со нас

Здравје и убавина

На што да внимавате кога купувате храна на жешкото време?

Објавено

на

Топлото време носи висок ризик за труења предизвикани од расипана храна. Кога се купуваат прехранбени производи, какви и да се, мора да се внимава тие да бидат соодветно чувани, спакувани и слично.

Во советите од Институтот за јавно здравје, во однос на безбедноста на храмата се наведува: Одберете безбедно произведена храна која се продава во објекти кои исполнуваат услови за хигиенско чување на храната. На пример:

  • пастеризирано млеко кое се чува во малопродажбата во разладен уред или стерилизирано млеко
  • млечни производи на кои пишува дека се направени од патсеризирано млеко, во малопродажбата се изложени во разладен уред, после купувањето веднаш да се сместат во разладен уред. Внимавајте на рокот на употреба!
  • месо и месни производи чувани во разладни уреди или замрзнувачи при малопродажба. После купувањето на овие производи треба што поскоро да се стават во фрижидер и пред консумација да се обработат термички ( варење, печење, пржење).
  • јајца, без оштетена лушпа, кои се сеуште во рокот на употреба, чувани во фрижидер и добро термички обработени. Избегнувајте храна која содржи свежи јајца или недоволно термички обработени јајца
  • Одберете готова или делумно подготвена храна која е правилно чувана – складирана и во простор каде нема можност за хемиска контаминација.
  • Зеленчукот и овошјето пред употреба задолжително да се измијат со чиста безбедна вода

Свежото овошје и зеленчукот се сметаат како значајни извори на патогени микроорганизми и хемиски контаминенти. Затоа е важно овошјето и зеленчукот да се измијат со безбедна- чиста вода пред нивното конзумирање. Да се отстранат оштетените делови од овошјето или зеленчукот заради тоа што бактериите можат да навлезат на тие места.

  • Користете безбедна вода од водовод или третирајте ја односно дезинфицирајте за да стане безбедна.
  • Не користете храна со поминат рок на употреба
  • Не користете храна која веќе ги променила својата боја, мирис, вкус и изглед
  • Не ги употребувајте оштетените, надуваните и оксидираните лименки и конзерви, затоа што бактериите можат да се развиваат и во конзерви кои не се правилно конзервирани.
  • Кога купувате замрзната храна внимавајте да биде добро замрзната, односно да не започнал веќе процесот на одмрзнување. Ова особено се однесува на сладоледи кои се продаваат во оригинално пакување, кои треба да бидат на температура под 18 0С
  • Избегнувајте консумација на слатки затоа што претставуваат поволна средина за раст и размножување на разни микрорганизми
Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Културапред 10 часа

Несекојдневно уметничко доживување за гостиварци-Перформанс, сликање пред публика

Гостиварпред 12 часа

Физички напад на улица во Гостивар заради долгови

Македонијапред 14 часа

Вработените во култура на протест, најава и за генерален штрајк

Вестипред 14 часа

Франција најголем увозник на руски гас во ЕУ

Гостиварпред 15 часа

Приведување во Гостивар, мајка го пријавила синот за агресивно однесување

Македонијапред 16 часа

Четврти ден штрајк на приватните специјализанти, осуда за притисоците

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Скратени часови на 23 април и 7 мај во училиштата во кои ќе се гласа на изборите

Гостиварпред 18 часа

Какво културно наследство „крие“ Гостивар – Изложба на фотографии и разгледување на Саат Кулата

Гостиварпред 20 часа

Изгубена или украдена? Со картичка на гостиварец некој си пазарувал во маркет во Тетово

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена