Гостивар
На солта да има предупредување како на цигарите – Ризиците се многу поголеми од тоа што знаеме
Лекарите од целиот свет се обидуваат да преземат итни мерки за да ги информираат луѓето да дознаат колку солта е штетна за организмот.
Тие сметаат дека кујнската сол треба да има етикета слична на онаа што се наоѓа на кутиите на цигарите. На пакувањата би пишувало „ограничете ја вашата употреба“ и дека: „Преголемиот внес на натриум предизвикува висок крвен притисок и го зголемува ризикот од рак на желудник, мозочен удар, срцеви и бубрежни заболувања“. Тие се надеваат дека со предупредувањата ќе спасат околу милион животи.
– Нездравата исхрана е водечка причина за смрт на глобално ниво. Преголемата употреба на сол е најголемиот виновник, а се проценува дека во 2017 година солта е виновна за повеќе од од три милиони животи, – предупредува Д-р. Норм Кембел, поранешен претседател на Светската лига за хипертензија.
Светската здравствена организација им зададе цел земјите да го намалат внесувањето на сол за 30 проценти до 2025 година.
Митови за солта кои „не држат вода“
Јас не претерувам со сол
– Ако не додадвата сол во чинијата не значи дека не консумирате премногу сол. Поточно, повеќе од 75 проценти од солта е во преработена храна.
Купувам специјална сол што не е штетна
– Секоја сол е штетна, без оглед на тоа дали е морска или камена, мала или голема, без разлика дали станува збор за цветна сол или солен цвет, односно без разлика дали користите хималајска или некој друг вид сол.
Ми треба сол затоа што содржи јод
– Со намалување на внесот на сол на 5 грама на ден, внесот на јод би бил 125 микрограми на ден, нешто помалку од препорачаните 150 микрограми за возрасни.
Додавам сол бидејќи храната е блуткава
– Лошите готвачи подготвуваат солена храна само за да ги покријат пропустите, на добриот вкус не му е потребна сол.
Имам нормален притисок, не мора да обрнувам внимание
– Чувствителноста на крвниот притисок кон солта се зголемува со стареењето, а прекумерното внесување сол на рана возраст го зголемува ризикот од развој на бубрежни и кардиоваскуларни заболувања во иднина.
Топ 5 храна со многу сол:
Леб и пекарски производи
Лебот е храна што ја јадеме секојдневно, понекогаш неколку пати на ден. Во просек 13,5 гр сол, се содржи во еден килограм леб, а само две парчиња леб веќе содржат 1 грам сол. Некои пекарски производи, како што се колачи, мафини и тестенини, содржат до 4,7 g сол.
Парче пица
Содржи 4,5 грама сол. Оваа бројка може да биде и поголема ако колбас или пршута се додаде наместо шунка.
Сувомеснати производи и масни сирења
Заборавете на овие намирници.
Тартар, сенф или кечап
Сто грама кечап содржи 3 грама сол, истата количина тартар содржи 3,25 грама, колку и сенфот.
Грицки
Солени стапчиња, рипчиња, чипсови, переци, пуканки – сите содржат многу сол и потоа придонесуваат за пиење на пијалоци кои содржат многу шеќер или пиво, што дополнително придонесува за прекумерна тежина.
-
Гостиварпред 3 месеци
Инцидент во маркет во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Светпред 2 месеци
Во Словенија нови правила за странци за постојан и привремен престој
-
Гостиварпред 2 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Македонијапред 3 месеци
Ваучери од 250 евра за студенти за набавка на електронски уред и грантови за млади за старт на свој бизнис
-
Рецептипред 3 месеци
Домашна кремаста пилешка паштета – брз и едноставен рецепт
-
Вестипред 2 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Гостиарскипред 2 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград