Поврзи се со нас

Македонија

На трети декември Изборно собрание на ЗНМ, ќе се избира ново раководство

Објавено

на

Претседателот на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) Младен Чадиковски, согласно член 37 од Статутот, свика редовно Изборно собрание на ЗНМ на кое ќе се избира новото раководство на ЗНМ.

Изборното собрание ќе се одржи на трети декември 2022 година во Скопје, а новинарките, новинарите и медиумските работници што сакаат да учествуваат, треба да го ажурираат своето членство најдоцна до 25-ти ноември 2022 година, согласно одлуката на Управниот одбор на ЗНМ.

Кандидатурите за претседател на ЗНМ, за членовите на Управен одбор, Надзорен одбор и за членови на Советот на честа треба да бидат доставени во писмена форма најдоцна до 29-ти ноември 2022 година во канцеларијата на ЗНМ, испратени на следнава адреса: Здружение на новинарите на Македонија, ул. „Градски Ѕид“ Блок 13, 1000 Скопје или да се испратат електронски на е-маил адресата на ЗНМ – contact@znm.org.mk со назнака „КАНДИДАТУРА за (претседател или член на конкретниот орган)“.

Според актите на ЗНМ, за претседател на ЗНМ може да се кандидира секој редовен член на ЗНМ кој има поддршка од најмалку десет редовни членови. За член на Управен одбор и Надзорен одбор може да се кандидира секој редовен член кој има поддршка од пет членови на ЗНМ. За член на Советот на честа може да се кандидира секој редовен член со поддршка од пет редовни члена

Подетални информации за условите за кандидирање во органите на ЗНМ се достапни во Статутот на ЗНМ, Правилникот за работата на Собранието кои се јавно достапни на веб-страницата на ЗНМ. Повеќе информации можат да се добијат и во канцелариите на ЗНМ, на е-маил contact@znm.org.mk  или на телефонскиот број: 02/3298-139.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена