Поврзи се со нас

Вести

На УКИМ слободни 9921 места за упис во прва година во 2024/2025

Објавено

на

Министерството за образование и наука денеска ги објави  квотите за запишување во прва година – прв циклус на студии на јавните високообразовни установи во академската 2024/2025 година, согласно одлуката на Владата.

На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“- Скопје слободни се 9921 место – од кои 4761 за редовни студенти во државната квота, 4210 за редовни студенти кои ќе ги кофинансираат студиите и 950 места за вонредни студенти.

Според утврдените квоти за слободни места, УКИМ денеска на својата веб-страница ukim.edu.mk го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии во учебната 2024/2025 година за студиските програми на 23-те факултети во негов состав.

Како и во минатите години, најголем број слободни места има на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство-ФИНКИ (1020), Природно-математичкиот факултет-ПМФ (1030), Филозофскиот со 895 места, Филолошкиот факултет со 790, Правниот со 705, Економскиот факултет со 700 слободни места…

Цената на партиципацијата за студии за редовните студенти во државната квота е непроменета и останува 200 евра годишно, а за редовните што ќе ги кофинансираат студиите и за вонредните студенти износот е 400 евра како и во минатите години.

Пријавувањето во првиот уписен рок е на 29 и 30 август, вториот е на 17 и 18 септември и третиот на 27 септември 2024.

Според  квотите за запишување студенти што ги објави МОН и за останатите државни универзитети –  „Св. Климент Охридски“- Битола ќе има вкупно 2404 слободни места (1309 за редовни студенти во државната квота, 679 за редовни со кофинансирање на студиите и 416 места за вонредни студенти).

На Државниот универзитет Тетово има вкупно 4752 слободни места (2477 во државната квота, 1615 со кофинансирање на студиите и 660 вонредни студенти).

На Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип има вкупно 3983 слободни места (за редовни студенти во државна квота 2223, за редовни со кофинансирање на студиите 950 и за вонредни студенти слободни места има 810).

На Универзитетот за информатички науки и технологии „Св. Апостол Павле“ во Охрид има места за 364 бруцоши (200 во државна квота, 90 со кофинансирање на студиите и 74 за вонредни студенти).

На Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје слободни се вкупно 1805 места за студенти (во државна квота 1260, 325 за редовни со кофинансирање на студиите и 220 за вонредни студенти).

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

сите дневни вести на Телеграм:

Гостиварпред 3 недели

Гостиварецот Гоце Димовски нов директор на Дирекцијата за ТИРЗ

Гостиварпред 4 недели

Дорис Димовска, млада музичка надеж од Гостивар подготвена да ја освојува сцената

Македонијапред 1 недела

Денес се слави Петровден

Регионпред 4 недели

Во Црна Гора се отвора првата плажа за жени со хиџаб

Гостиварпред 1 недела

Викендов 61 издание на Галичка свадба

Гостиварпред 3 недели

Трагедија во Маврови Анови: Починал малолетник откако врз него паднал бојлер

Гостиварпред 3 недели

Повеќе здравствени установи со нови в.д. директори, Танер Хасан на чело на Клиниката за ендокринологија

Гостиварпред 3 недели

Разрешен директорот на болницата во Гостивар, кој ќе биде назначен за в.д.?

Македонијапред 3 недели

МојДДВ продолжува со примена, за Граѓанскaта обврзница ќе треба да се врати довербата во системот-рече Димитриеска-Кочоска

Гостиварпред 4 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 4 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 6 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 7 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 8 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 8 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 11 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 11 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 12 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Огласи за работа:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена