Поврзи се со нас

Култура

На Велики четврток традиционален концерт на „Браќа Ѓиноски“ во чест на Велигден

Објавено

на

Годинешната концертна сезона, градското аматерско културно уметничко друштво „Браќа Ѓиноски“ од Гостивар ја започнува утре, на Велики четврток со традиционален концерт во чест на големиот христијански празник Велигден. Ова ќе биде 25 пат по ред како друштвото одржува концерт на народни песни и ора по повод велигденските празници.

„Подготвивме сплет на народни ора. Ќе се играат ората Повардарие, Тресеница, Беранче и Водарки, а со народни песни ќе настапат и пејачите Перо Пандиловски, Ангела Фичуроска и Кристина Јовановска. Освен пред домашната публика, по повод празникот ќе гостуваме и во Македонски Брод, каде на 9-ти април ќе учествуваме на манифестацијата Велигденски кули“, вели секретарот на друштвото, Анте Тодороски.

Во текот на оваа година ГАКУД „Браќа Ѓиноски“ ќе одржи уште три концерти во Гостивар. Планирани се гостувања во Маврово, Свети Николе и Велес, а за септември друштвото има покана да учествува на традиционален меѓународен фолклорен фестивал во Бугарија. „Се надеваме дека за нашите активности, настапи и концерти ќе имаме поддршка од локалната самоуправа со оглед на тешката финансиска состојба во која се наоѓа друштвото“, додава Тодороски.

Утрешниот концерт по повод Велигден ќе се одржи во Центарот за култура „АСНОМ“ со почеток во 11.30 часот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена