Гостивар
На влез во болницата во Гостивар задолжително мерење на температура и епидемиолошка анкета

Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар воведува нови мерки за превенција од ширење на коронавирус. Од денес, на главниот влез на болницата се врши задолжително мерење на телесната температура и епидемиолошка анкета на сите што влегуваат внатре. Ова се однесува и на вработените во болницата и на пациентите. За спроведување е задолжен тим од медицинскиот персонал и лицата ангажирани за обезбедување на објектот.
„Оние кај кои ќе биде констатирана покачена температура или било какви симптоми и сомнежи на вирусот ќе бидат препратени во инфективното одделение.“, објасни директорот на болницата Јакуп Јакупи.
Болничката управа уште еднаш апелира до граѓаните да ги почитуваат препораките и мерките против корона, за што побрзо да се преброди кризата.
-
Гостиварпред 3 недели
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Невработените со можност за бесплатни обуки и полагање за возачки дозволи за камион и автобус
-
Гостиварпред 3 месеци
ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност
-
Вестипред 3 месеци
УЈП со важно известување за корисниците на МојДДВ
-
Вестипред 3 месеци
Преку „е-услуги“ вадење имотен лист за неколку секунди
-
Гостиарскипред 3 месеци
Гостиварецот Деан Поповски победник во уникатното голф дерби во Белград
-
Македонијапред 3 месеци
Комплетна листа на неработни денови во 2025-та година
-
Што, како, каде?!пред 1 месец
„Пица & Бургер БЕЈБИ“ – Ново уникатно место за добра храна и забава во Гостивар