Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Начинот на кој се користи компјутерот го открива степенот на стрес на работа

Објавено

на

Начинот на кој луѓето пишуваат на тастатурата и го користат компјутерското глувче, може да биде подобар показател за стрес отколку мерењата срцев ритам, посочуваат швајцарски истражувачи. Како што велат, нивниот модел може да помогне да се спречи хроничен стрес.

Истражувачите од Швајцарскиот технолошки институт во Цирих (ЕТХЗ), набљудувале 90 учесници во лабораторија како извршуваат канцелариски задачи од реалниот свет, како што се закажување состаноци или снимање и анализа на податоци. Научниците го набљудувале користењето на глувчето и пишувањето на испитаниците, како и отчукувањата на срцето и редовно ги прашувале колку се тие под стрес.

„Тоа кажува повеќе за нашето ниво на стрес отколку отчукувањата на срцето во работната средина“, истакна математичарката и една од авторите на научниот труд, Мара Нажлин.

На некои учесници им било дозволено да работат непречено, но половина од групата постојано биле прекинувани со пораки за разговор или повици за состанок. Истражувачите открија дека луѓето под стрес пишуваат и го движат глувчето поинаку од оние кои се опуштени.

„Имено, луѓето под стрес почесто и понепрецизно го движат глувчето“, вели Нажлин.

Исто така, откриено е дека луѓето кои се чувствуваат под стрес во канцеларија прават повеќе печатни грешки и се склони да пишуваат нагло и брзо, со многу кратки паузи. Од друга страна, пак, опуштените луѓе прават помалку, но подолги паузи кога пишуваат и работат на своите компјутери.

Врската меѓу стресот и употребата на тастатурата и глувчето може да се објасни со тн. теорија на невромоторна способност.

„Зголеменото ниво на стрес негативно влијае на способноста на нашиот мозок да обработува податоци. Тоа влијае и на нашите моторни способности“, објасни психологот Џасмин Кер.

Се истакнува и дека секој трет вработен во Швајцарија страда од стрес на работа.

„Засегнатите често не сфаќаат дека нивните физички и ментални ресурси се намалуваат, додека не е предоцна“, се вели во написот.

Научниците сметаат дека треба да им се помогне на работниците брзо да го идентификуваат стресот, меѓу другото, и создавајќи алатки за следење на нивната работа.

Сподели ја веста:

Претседателски избори

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена