Гостивар
Над 160 физички напади и триесетина тепачки регистрирани лани во Гостивар

Изминатата 2018 година, на поширокото гостиварско подрачје, полицијата регистрирала 298 нарушувања на јавниот ред и мир. Најголемиот број од нив биле целосно расчистени и заокружени со 270 барања за поведување на прекршочна постапка, согласно Законот за прекршоци против јавниот ред и мир. Евиденцијата на СВР Тетово покажува дека најбројни меѓу минатогодишните прекршоци биле физичките напади, кои ги имало 165, потоа тепачките, вкупно 31, по што следуваат карање, викање и непристојно однесување.
Во овие нарушувања биле инволвирани 387, најмногу машки лица, претежно на возраст од 25 до 45 години.
„Минатата година регистрирани се и 20 омаловажувања и навредувања на овластени службени лица, четири лажни претставувања, три прекршоци уживање наркотични дроги, 4-непостапување по наредба на овластено службено лице, 7-неовластено пукање од огнено оружје или пиротехнички средства и така натаму. Најчесто место на случување на прекршоците се улиците и угостителските објекти, но и друг јавен простор.“, информира Секторот за внатрешни работи.
-
Гостиварпред 2 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 4 недели
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
Гостиварпред 3 месеци
Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека
-
ФОТО ВЕСТпред 2 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Здравје и убавинапред 3 месеци
Како да го победите постојаното чувство на глад?
-
Македонијапред 3 месеци
Месецов исплата на парите од МојДДВ за период октомври-декември 2024
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вековна традиција во Вруток – Магнет за посетители
-
Македонијапред 3 недели
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден