Поврзи се со нас

Вести

За две години опустошиле над 178 м3 даб – Кривични пријави за шест гостиварци

Објавено

на

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против двајца жители на Гостивар и четворица на Долна бањица, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела ,,пустошење на шума”, „кражба”, ,,поттикнување“ и ,,соизвршителство”.

Станува збор за А.А.(43), А.Ќ.(26), А.Џ.(30) и А.Е.(25) од Долна Бањица, како и  И.И.(43) и У.М.(23) од Гостивар. Против кои се поднесени кривични пријави за пустошење на шума, кражба, поттикнување и соизвршителство во врска со пустошење на шума и кражба, стои во извештајот на МВР.

Како информира полицијата, на 02.06.2018 година на локалниот пат село Сушица – Гостивар полициски службеници забележале четири возила натоварени со огревни дрва. Две возила побегнале, додека во останатите две возила, кои биле управувани од прво и петтопријавениот, а шестопријавениот бил совозач, биле пронајдени и одземени дабови дрва, за кои истите немале соодветна документација. Во близина на местото на настанот било сопрено и патничко возило, управувано од четвртопријавениот, кој ги известувал пријавените за присуството на полициски службеници и вработени во ЈП „Македонски шуми”.

По преземени мерки, било утврдено дека во периодот од 2016 година до 02.06.2018 година во атар на село Сушица, кај место викано ,,Клен-Стража Лакавица”, прво, второ, трето и петтопријавениот извршиле бесправна сеча на 762 дабови стебла со вкупна дрвна маса од 178,987 метри кубни, која потоа ја продавале на други лица, со што се стекнале со противправна имотна корист од 1.517.001 денари, а на штета на ЈП „Македонски шуми”.

Во наведениот период, четвртопријавениот, патролирал во близина на наведената локација и ги известувал за присуството на полициски службеници и вработени во ЈП „Македонски шуми”, додека шестопријавениот, од страна на петтопријавениот, бил ангажиран за утовар и растовар на бесправно исчените дабови дрва.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ИЗБОРИ 2024пред 16 минути

Избирачките одбори на 8 мај ќе треба да се реорганизираат, на ИМ мора да бидат по 7 лица, наместо по 5 како до сега

Вестипред 3 часа

Во Венеција од денес 5 евра влез за туристи

Вестипред 5 часа

Сахарска прашина над Турција, предупредувања за ризици

Гостиварпред 6 часа

Напад од бездомно куче во Гостивар

Гостиварпред 7 часа

Градинките во Гостивар се вклучија во Неделата на имунизација-Повисока свест за важноста на вакцините

Македонијапред 8 часа

Синдикатите на Првомајски протест- „Ние работниците“

Македонијапред 9 часа

Минималните трошоци на семејство во април 60.212 денари, скокнале за 20 евра за еден месец

Гостиварпред 10 часа

Лишен од слобода гостиварец за фотографирање на гласачкото ливче

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Како гласаше Гостивар во првиот круг на седмите претседателски избори?

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена