Поврзи се со нас

Гостивар

Над 20 казни за брзо возење на гостиварско подрачје во вчерашната акција

Објавено

на

Секторот за внатрешни работи Тетово продолжи со акциски контроли за брзина со која се движат возилата на патиштата и по градските улици во Тетово и Гостивар. Вчера (9 април) од 14 до 20 часот спроведена е уште една контрола, во која биле откриени и санкционирани 57 возачи (ТЕ-35 и ГВ-22) кои ја пречекориле дозволената брзина надвор од населено место, од кои двајца за над 70 километри на час, осум возачи кои пречекориле до 70 километри на час и така натаму. Покрај ова, санкционирани биле и 30 возачи во Тетово кои ја пречекориле пропишаната брзина во населено место.

На сите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци и тие ќе се соочат со парични глоби, а некои од нив и со времено одземање на возачките дозволи од три месеци до една година, извести полицијата.

Секторот за внатрешни работи Тетово повторно апелира до возачите да ја прилагодат брзината според условите на патот и целосно да ги почитуваат постојните сообраќајни знаци, правила и прописи кои се однесуваат на ограничувања на брзината, посебно на автопатот Гостивар-Тетово-Скопје. Зашто, неприлагодената брзина и годинава е причина број еден за најголемиот број од сообраќајните несреќи, пред се на тетовскиот дел од автопатот и на неколку од пофрекфентните улици во централното подрачје на Тетово.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена