Македонија
Над 20 милиони денари донирани од граѓаните за настраданите во пожарот во Кочани – Хуманоста продолжува

Црвениот крст на Република Македонија ја продолжува својата хуманитарна мисија, ангажирајќи ги сите расположливи ресурси за поддршка на настраданите граѓани и нивните семејства од неодамнешниот пожар во Кочани.
- Благодарение на солидарноста и хуманоста на граѓаните, институциите и компаниите, досега собрани се вкупно 20.932.654 денари, средства кои ќе бидат искористени исклучиво за помош на семејствата настрадани во пожарот, информираат од Црвениот крст.
Црвениот крст упати голема благодарност до сите кои досега донираа и ги повика граѓаните и натаму да ја покажат својата хуманост и заеднички да помогнат во справување со последиците од оваа трагедија.
Секој кој сака да даде свој придонес, тоа може да го направи преку:
Сметка на Фондот на солидарноста:
300000001327966 (Комерцијална банка), со назнака „Помош за настраданите граѓани во пожарот во Кочани“.
Телефонски донации:
Со повик на броевите 143 400 преку Македонски Телеком и А1 Македонија (донација од 100 денари).
Онлајн донации:
На веб-страницата solidarnost.ckrm.org.mk.
Донации од странство:
Преку сметката на Црвениот крст на РСМ во Комерцијална банка – IBAN: MK07300701000001228, SWIFT CODE: KOBSMK2X.
Црвениот крст ја повторува пораката дека секоја донација значи многу за оние кои се соочуваат со последиците од катастрофата и уште еднаш ја истакнува силата на заедничката хуманост и солидарност.
-
Гостиварпред 3 месеци
Распоред на свештеници за Задушница во Гостивар
-
Што, како, каде?!пред 2 месеци
Во Гостивар отворен нов салон за убавина „Beauty Room Stella“ – Жените го заслужуваат најдоброто!
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Гостиварските советници ги обоија дланките како симболична поддршка за лицата со ретки болести
-
Македонијапред 2 недели
9 мај – Ден на победата над фашизмот
-
Македонијапред 1 месец
Православен празник Цветници, предвесник на Велигден
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Вештините на мечувањето во Гостивар – На тренинг со клубот „Витез“
-
Видео емисиипред 3 месеци
ВИДЕО | Осмомартовско интервју со д-р Елеонора Спасовска, специјалист радиолог
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос