Поврзи се со нас

Гостивар

Над 21 милион денари за изборите во Маврово Ростуше, Центар Жупа и Тетово

Објавено

на

Државната изборна комисија (ДИК) го усвои финансискиот план за распределба на средства за изборите за градоначалник на Општина Маврово и Ростуше, Општина Центар Жупа и членови на Совет на Општина Тетово за изборите кои ќе се одржат на 20 август 2022 година.

Потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху, појасни дека во финансискиот план се планирани вкупно 21 275 800 денари приходи за реализирање на изборите.

-Поголемиот дел од овие средства или 16,34 милиони денари се наменети за платно политичко рекламирање, додека пет милиони денари се предвидени за реализирање и организирање на изборите, изјави Шеху.

Останатите средства ќе бидат наменети за печатење изборен материјал, набавка на заштитни вреќи и плика, транспорт на доверлив и недоверлив гласачки материјал, изработка на легитимации и беџови за изборната администрација и овластени претставници и набљудувачи и друг материјал неопходен за изборите.

ДИК, во рамки на седницата, исто така го усвои и изменетиот годишен план за вкупни потреби за јавни набавки на ДИК за 2022. Целокупната постапка за јавни набавки над 60 илјади денари, согласно закон, ДИК ќе ги спроведе преку електронскиотс истем за јавни набавки.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена