Гостивар
Над 30 возачи во Гостивар казнети во акции на полицијата
На подрачјето на Секторот за внатрешни работи Тетово вчера (21 јули) и денеска (22 јули) биле спроведени акциски контроли за брзина на возење, во кои вкупно биле откриени и санкционирани седумдесетина прекршоци. Од нив 34 во регионот на Гостивар.
Радарот на полицијата уловил возачи кои пречекориле максимално дозволена брзина надвор од населено место за повеќе од 70 километри на час, односно тие возила се движеле со над 150 километри на час. Преостанатите пречекорувања на пропишаната брзина биле за 50 до 70 километри на час. На сите прекршители изготвени им се соодветни подесоци и ќе се соочат со законски предвидените сакции, извести СВР.
Полицијата најави засилени контролни активности на патиштата. На возачите им се апелира да ја прилагодат брзината на возење и да ја почитуваат сообраќајната сигнализација.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 3 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 1 месец
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар