Поврзи се со нас

Гостивар

Над 4.000 прекршоци – СВР Тетово апелира да се носи заштитна опрема за да се намали ризик од ширење на вирусот

Објавено

на

Отако почна да важи уредбата за задолжително носење на заштитна опрема на лицето, до сега, на подрачјето што го покрива СВР Тетово евидентирани се вкупно 4.190 прекршувања, односно толку граѓани биле затекнати без маска, марама или шал на носот и устата на места кадешто е предвидено таквото правило.

Уредбата предвидува задолжително носење лична заштита на лицето при движење на јавни места и површини од отворен и затворен тип каде нема услови за држење дистанца, на пазари, во јавен превоз и при влез во затворени простори на оператори кои поради нивната природа на дејност претставуваат место на собирање на повеќе лица (државни институции, маркети, продавници, банки, пошти, чекални, здравствени институции и слично).

Под лична заштита се подразбира било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично).

„Секторот за внатрешни работи повторно апелира до сите граѓани да го почитуваат задолжителното носење заштитна опрема, за да се намали ризикот од ширење на коронавирусот. Особено, кога се наоѓаат во возила со лица кои не се од потесното семејство, и во групи без оглед дали се во движење или престој“, нагласува портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Измаинатото деноноќие за неносење заштитни маски на вкупно 107 лица (Тетово-72 и Гостивар-35) им биле изготвени прекршочни платни налози. Казната е во висина од 20 евра.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Претседателски избори

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Македонијапред 9 часа

Вечерва значително посвежо време, инфо за измерени температури и прогноза за утре

Здравје и убавинапред 10 часа

Дали замрзнатото овошје и зеленчук е исто толку добро како и свежото?

Македонијапред 12 часа

Втор повик за грантови за модернизација во земјоделие

Гостиварпред 14 часа

Лишен од слобода 19-годишник осомничен за кражба на добиток во Добридол

Македонијапред 15 часа

Вработените во Шумско ќе го радикализираат протестот! Немаат плати, теренски додатоци…

Македонијапред 16 часа

Апел од ЦУК за внимателност заради временските неприлики

ИЗБОРИ 2024пред 16 часа

Училиштата ќе работат во вторник, ќе бидат затворени само просториите со избирачки материјал

ИЗБОРИ 2024пред 17 часа

Потпишан Кодексот за фер и демократски парламентарни избори

Гостиварпред 18 часа

Физички напад пред угостителски објект во Чајле

Гостиварпред 4 недели

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 3 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 4 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 4 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 7 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 8 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

АНКЕТА:

Дали ќе гласате на претстојните ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ и ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024?
Advertisement

Популарно изминативе 100 дена