Вести
Над 45 илјади евра за нов лик на градскиот парк во Гостивар
Реконструкцијата и уредувањето на гостиварскиот градски парк се доведуваат при крај. Пешачките патеки се поплочени со бекатонки, поставено е ново осветлување, се средува зеленилото. Проектот за новиот лик на паркот, кој го спроведуваат општината и Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило, треба да се заокружи со поставување на нови клупи и корпи за отпад и есенско садење на дрвца.
„Градскиот парк за мене е богатството на градот. Ние како локална власт ќе се обидеме во наредниот период да направиме нови зелени површини и во останатите населени места на општината“, изјави градоначалникот Арбен Таравари.
Директорот на ЈП за паркинг и зеленило, Музафер Зулбеари најави дека во процедура е подготовка на тендер за набавка на клупи и друга опрема.
„Факт е дека клупи недостигаат, затоа што паркот најчесто го користат за шетање старите луѓе и болните, па треба да има повеќе места за одмор. Планираме да поставиме од 60 до 100 клупи, а исто така и корпи за отпад. Од септември пак, ќе почнеме со засадување на дрвја“, информираше Зулбеари.
Новиот лик на гостиварскиот градски парк ќе чини над 45 илјади евра.
-
Гостиварпред 1 месец
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 недели
Денеска е Летник
-
Гостиварпред 2 месеци
Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар
-
Македонијапред 2 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 недели
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 3 месеци
Во среда прва проба за бадниковата поворка во Гостивар – Пријавете ги дечињата
-
ФОТО ВЕСТпред 3 месеци
ФОТО ВЕСТ: Манастирот Преображение во Циглана осветлен за Бадник
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија: НОВОГОДИШНО „НАРАЧАНО“ ИНТЕРВЈУ со Дедо Мраз | Gostivarpress.mk